YSLAB Ocean Bio-Actif Pediatric Спреј за нос за деца, 100 мл

YSLAB ocean bio-actif pediatric nasal hygiene sprej za nos detski
YSLAB Ocean Bio-Actif Pediatric Спреј за нос за деца, 100 мл
314,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054433C
favorite_border

Опис на производот

  • Чисти
  • Прилагодлив назален продолжеток 
  • Нежна микро-дифузија
  • 100% природен производ
  • Производот е наменет за деца од 1 месец до 3 години

Децата помали од 3 години дишаат исклучително преку нос и не знаат сами да го издуваат носот. Назалната хигиена е значајна и за нормална исхрана и спиење.

Ocean BIO-ACTIF Pediatric Nasal hygiene спрејот е наменет за редовната хигиена на носот на вашето дете. Со редовна употреба помага при чистење на носната празнина, отстранување на нечистотии и заштита од назални инфекции.

Врвот на назалниот продолжеток е специјално дизајниран да се прилагоди на бебешкото носе, а микро дифузијата осигурува нежно и безбедно чистење.

Изотоничниот раствор на морска вода* потекнува од природна, чиста средина од Brittany Франција.

Пакување: 100 мл

Содржина

Состав: изотоничен раствор на морска вода*. Природен раствор.

Производот не содржи конзерванси.

*Изотоничниот раствор на морска вода има слични концентрации на минерални соли како концентрациите во хуманите клетки.

Употреба:

Кога треба да го користите Pediatric Nasal hygiene – спрејот:

  • Наведнете ја главата на вашето бебе на страна, но не наназад, нежно внесете го назалниот продолжеток, во десната ноздра
  • Прснете лесно од спрејот
  • Оставете вишокот од растворот да истече од ноздрата и потоа избришајте го , ако е потребно
  • Повторете ја постапката за левата ноздра
  • После секоја употреба измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го

Начин на употреба: назална употреба.

  • Секојдневна употреба: прснете по 1 или 2 пати во секоја ноздра, секој ден

Со цел да се избегне ризик од контаминација, се препорачува после секоја употреба, измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода и добро исплакнете го.

Еден производ треба да го користи само едно лице.

Да не се употребува во случај на алергија, интолеранција или хиперсензитивност на состојката во состав на производот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се