Историја

Зегин ДОО е прва приватна компаниjа регистрирана за продажба и производство на лекови во Република Македонија  

 

 

На иницијатива на господин Благој Механџиски, компанијата е основана во 1989. 

Image


Основните активности на веледрогеријата Зегин вклучуваат внатрешена и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи.



Следниве компании ја дополнуваат основната активност на Зегин ДОО: 

  • Зегин Медика – поликлиника за јавно здравје
  • Зегин шпедиција – транспорт
     

 

Zoom

ЗЕГИН започна со само еден вработен. Денес, бројот на вработени е над 500, од кои 300 имаат универзитетска диплома, 200 од нив имаат диплома по фармација и 20 се доктори на медицина. Останатите имаат диплома по економија, право, технологија, ветерината и инженеринг.

Во своите 27 години работа, ЗЕГИН ДОО постојано достигнува одлични резултати и има континуиран развој.Денес таа е една од најуспешните компании во Република Македонија и покрива 60% од фармацевтскиот пазар.Како резултат на својата успешна работа, во 2004 година ЗЕГИН ДОО го спроведува стандардот ISO 9001:2000.

Успехот на компанијата се должи на доброто управување, стратегијата за развој врз основа на најсовремени светски достигнувања во оваа област, како и користењето на најмодерните компјутерски системи и соодветни компјутерски програми кои ги покриваат сите работни активности.

СЛОГАНИ НА ЗЕГИН

 Слоганите на Зегин имаат долга традиција и преставуваат знак на препозанавање и меѓусебна доверба меѓу компанијата и коминтентите. 

Слоганите напрв поглед и наједноставно даваат реална претстава на широчината на компанијата и хуманоста на дејноста на ЗЕГИН -ВАШАТА СЕМЕЈНА АПТЕКА.

ЗЕГИН-АПТЕКАРСКИ БИСЕР НА МАКЕДОНИЈА

 

ЕДНАШ СО ЗЕГИНОВ ЛЕК -ПРИЈАТЕЛИ ЗА НА ВЕК

 

ЗЕГИН -ХРАМ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

 

ЗЕГИН-ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ-ПОВЕЌЕ ЗАДОВОЛСТВО

 

ЗЕГИН-25 ГОДИНИ СО ВАС И ЗА ВАС

 

ЗЕГИН-ЕВРОБАЛКАНСКИ ЛИДЕР ВО ПРОМОЦИЈА НА НОВИ МОЛЕКУЛИ

 

ЗЕГИН е дел од Вашето семејство кога е најпотребно - за здравје!

 

ЗЕГИН - ВАША СЕМЕЈНА АПТЕКА

СЕРТИФИКАТИ И ПРИЗНАНИЈА

 БР. 1 ПО КВАЛИТЕТ

Зегин освои најмногу гласови од учесниците од првото истражување на QUDAL-QUality meDAL во Македонија за 2014/2015 год. 

Истражувањето на QUADAL-QUality meDAL за Македонија се изврши во Март 2014 год, преку интернет прашалник, од страна на Швајцарската организација ICERTIAS -Мегународно здружение за сертификација (ICERTIAS-International Certification Association GmbH - www.icertias.com) со користење на примерок составен од 1200 испитаници.

 

Признание за најпознат бренд на Југоисточна Европа

 

Супер бренд во Македонија 2009 год

 

Најменаџер на Југоисточна и Средна Европа

 

Регионален бизнис партнер 2009 год

 

Месец на трговија 20058 год

 

ЗЕГИН КАКО ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

 Уште од своите почетоци ЗЕГИН стана препознатлив по своите хуманитарни акции при големи природни катастрофи во земјата и во странство, како и по хумани гестови кон поединци на кои им е потребна финансиска помош за операции и скапи увозни лекови.

За 25 ГОДИНИ колку што постои Зегин има донирано во 

  • Верски објекти
  • Верски училишта
  • Спортисти и спортски настани 
  • Здраствени установи
  • Училишта
  • За домовите со деца без родители

 

Најголема доницаија на Зегин во сите 25 години од неговото постоење се пониските цени се пониските цени од конкурентите до 60%

Тоа е најголемата гордост на ЗЕГИН и вработените.