ЗЕГИН поликлиника

Здравствената организација, поликлиника Зегин Медика, започна да работи во 1998 година,со цел да им ги обезбедиме потребните лекови на пациентите ,и да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми. Во рамките на поликлиниката, има 4 итни служби , кои по принципот на матичен доктор, опслужуваат над 5000 пациенти.

Зегин Медика ги нуди следните услуги: општи прегледи со био-хемиска лабораторија наменета за општи био-хемиски анализи, комплетна крвна анализа, ЕКГ, абдоменален ултразвук и терапија за остеопороза

Зегин Медика исто така нуди совети и консултации од страна на специјалисти за различни области од медицината.

Поликлиниката ја основаше Д-р Верица Механџиска во април 1998 година како доктор специјалист по медицина на труд.