84 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД

Image 84 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД

  

Признание за најдобар менаџер во агробизнисот за 

Благој Механџиски 

Основачот на фармацевтската компанија Зегин и сопственик на винаријата Лозар, Благој Механџиски доби признание за најдобар менаџер во агробизнисот во Србија. Секоја година на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, се организира вечер на шампиони, каде се доделуваат врвни признанија на учесниците оценети според најдобар квалитет. 
 
Стручната комисија составена од угледни универзитетски професори од Србија и од странство, го вреднуваа квалитетот на производите. На манифестацијата беа доделени 23 шампионски пехари, 16 признанија за најдобри во агробизнисот и титула на Апсолутен лидер на квалитет.
 
Фармацевтската компанија Зегин која своето работење го прошири и во Србија, раководи со винаријата Лозар, која со оглед на наградите и признанијата што ги добива во изминатиот период, претендира да стане вистински светски бренд во својот домен.