Спектакуларен концерт на Чолиќ во Скопје

Image Спектакуларен концерт на Чолиќ во Скопје

Чола  40 години на естрадата, Зегин 30 години на пазарот

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ  приреди неверојатен три и пол часовен спектакл во арената Тоше Проески. Околу 30.000 обожаватели уживаа во времепловот на Чола и покрај тоа што пред неколку месеци двапати го наполни СРЦ Борис Трајковски.

Воодушавување плус предизвика балонот со топол воздух на Зегин. Веледрогеријата Зегин оваа година прослави 30 години на пазарот, а е партнер на легендарниот пејач. Пред еден месец Чола ги отвори вратите на реновираната поликлиника Зегин Медика“.

Здравко Чолиќ докажа дека годините ништо не му можат и по 40 години на естрадата тој шармира, не старее туку станува се подобар и подобар.Тој успееа да обедини три генерации на обожаватели кои во еден глас ги пееја неговите песни, играа и уживаа.

- Оваа ноќ е жешка, летна, под полна Месечина, ајде добри луѓе заедно да уживаме искрено - вака го започна својот мегаконцерт Чола. Музичкиот времeплов започна со хитот Продужи даље“, потоа се редеа други хитови од постарите албуми, но и од најновиот кој наскоро треба да им биде достапен на обожавателите.

Чола им донесе насмевки на лицето на обожавателите кои со неговите песни уживаа во детството, младоста и староста. 68 годишниот босанско-српски пејач неуморно пееше и даде се од себе да не ја разочара македонската публика. За жешката атмосфера придонесоа и неуморните танчари и тапанарот Драгољуб Ѓуришиќ со неговите ученици.

Понесен од енергијата во еден момент Чола се освежи со вода и ги испрска оние обожаватели кои беа во првите редови.

Чола 40 години и е во крвта“ на публиката, а Загин 30 години е она мало среќе “кое ни треба.