Aloe Royal

Image Aloe Royal

 

 

Aloe Royal

Aлое вера, матичен млеч  и 12 Витамини

 

 

Здравствени придобивки од алое вера

Зајакнувач на имунитетот

Алое верата е богата со антиоксиданси, природни имунолошки засилувачи, кои помагаат во борбата против слободните радикали во телото. 
Слободните радикали се нестабилни соединенија кои се лоши за вашето здравје и придонесуваат за процесот на стареење. 
Редовното пиење сок од алое вера му овозможува на организмот снабдување со антиоксиданси што може да го зајакнат и подобрат имунолошкиот систем.

Регулирање на тежината и зголемување на нивото на енергија
Сокот од алое вера помага при природно чистење на дигестивниот систем. 
Постојат многу прехранбени продукти што може да предизвикаат замор и исцрпеност против што може да се борите со сок од алое вера.

 

Здравствени придобивки од матичен млеч

Имуномодулатор

Матичниот млеч создава неверојатна долговечност бидејќи пчелата матица може да живее и 40 пати подолго од пчелите работници. Долговечноста на пчелата матица делумно може да се припише на моќниот ефект на матичниот млеч врз имунитетот. Постојат две супстанции во матичниот млеч што влијаат на имунолошкиот систем: гама-глобулин и 10 ХДА (10-хидрокси-2-деценоична киселина). Во комбинација овие две супстанции го прават матичниот млеч ефикасен во создавање силен имунолошки систем.

Подобрување на општата состојба и функцијата на мозокот

Матичниот млеч ги стимулираа когнитивните функции и помага во обновување на мозочните клетки. Исто така, неодамнешните истражувања покажуваат дека матичниот млеч може да ја подобри краткотрајната меморија бидејќи е докажано дека влијае позитивно врз нервните функции. Бидејќи мозочното ткиво содржи многу незаситени масни киселини што се особено ранливи при напади од слободните радикални, антиоксидансните супстанции што се наоѓаат во матичниот млеч може да играат важна улога во превенција и лекување на невродегенеративните заболувања.