Bioagros

Image Bioagros

 

Image

 

VITAL BROT - Органска мешавина за подготовка на леб со изртени интегрални семиња, без глутен, 315 g

 

 ► За Вашиот органски безглутенски леб со изртени семиња и без квасец

 

 ► Погодно за вегани

 

Безглутенската мешавина за подготвување на леб во својот состав содржи органско: интегрално брашно од ориз, интегрално брашно од елда, интергално брашно од изртени пченкарни никулци, брашно од амарант, компиров скроб, брашно од земјени бадеми (tiger nuts), протеин од ленено семе, брашно од рогач, прав за тесто од киноа (94% мелена киноа, мелен ориз), изртено златно-жолто ленено семе, хималајска сол, бамбусови влакна, прашок за пециво, чиа семе, лушпа од семе од индиски тегавец, ксантан, ким, сладок анасон, кориандер, анасон.

Во состав на пакувањето влегува и брошура со илустрации.

Од 315 g мешавина за подготовка на леб се добива 500 g леб.

► Брзо и едноставно подготвување

Со миксер измешајте ја мешавината од пакувањето со 2 лажици оцет, 2 лажици масло и 300 ml вода. Оставете го тестото да отстои. Потоа кратко измесете го. Формирајте леб или мали лепчиња, направете зарез на горната страна околу 2 cm, попрскајте ги со вода или извалкајте ги во брашно.

Се пече 50-60 минути во претходно загреана рерна на 210-220 0С. Доколку правите мали лепчиња печете ги 20 минути помалку.

Во рерната истовремено се става 250 ml вода во огноотпорен сад (алуминиумски или за подготвување на мафини). Водата во рерната испарува со што овозможува при печењето лебот да добие убава структура и кафена кора со одредена еластичност и крцкавост.

Откако ќе се испече, оставете го лебот да се олади па потоа сечете го.

Image

 

EAT FREE-Сенаменско брашно, без глутен, 1 kg

Сенаменското брашно без глутен може да се користи за подготовка на разни видови на теста. Во својот состав содржи брашно од леќа, скроб (пченичен скроб без глутен, компир), растителни влакна, згуснувач: (хидроксипропилметилцелулоза, гуар гума) и декстроза.

Наш предлог

Тесто за леб/пица

500g брашно

325g вода

5g шеќер

7,5g сол

5g сув квасец

 

Ø      ♦ Загрејте ја водата (да биде млака) и додадете квасец и шеќер, промешајте и оставете 5 минути да отстои.

Ø       ♦  Во сад за миксирање се додава брашното, солта и водата (со шеќер и квасец)

Ø     ♦  Измешајте ги состојките (најмногу 1-2 минути). Извадете го тестото од садот и нежно замесете го (не се лепи на рацете). Поделете го тестото на два дела и формирајте го по желба.

Ø     ♦  Ставете го формираното тесто да се одмори на топло место, во плех на хартија за печење околу 60 минути.

Ø    ♦  Ставете го тестото да се пече во загреана рерна со сад со вода за да се одржи соодветно ниво на влага во рерната за време на печењето.

          ♦ Печете на температура од 180 °C во времетраење од 40-45 минути.