FZO

Image FZO

Органски беби морков, 340g

Органски сертифициран производ кој во својот состав содржи млади портокалови моркови, мед и морска сол во вода. Енергетската вредност на 100 g производ е 18kcal.

Производот е подготвен за употреба, а по отворањето треба да се чува во фрижидер. Може да се употребува за подготвување на кашички за бебиња, смостојно, во салати или во комбинација со други јадења.

Морковот (Daucus carota) е широко распространет и многу употребуван зеленчук. Постојат различни видови на морков: портокалов, жолт, црвен, бел и темно виолетов.

Најмногу употребуван во исхраната е коренот од портокаловиот морков кој може да се сретне како беби морков и морков.

Разликата е во времето кога се собира, односно староста на морковот. Малите беби моркови се собираат кога коренот е стар 2-3 месеци, а морковот кога е стар 12-24 месеци.

Морковот е извор на провитамин А - бета каротен, растителен пигмент кој ја дава портокаловата боја. Главни активни компоненти се: феноли, фитостероли, тритерпени и полиацетилени на кои се должи неговиот висок антиоксидантен капцитет. Истражувањата покажуваат дека беби морковот поседува повисок антиоксидантен капаците во однос на постариотморков како резултат на поголемата содржина на вкупни феноли и флавоноиди.

Вкусно и органско, крцкаво и здраво задоволство за сите!