La Finestra

Image La Finestra

 

 

Ви ги претставуваме четирите нови производи од линијата на

La Finestra Sul Cielo од Италија.

Image

 

BIOICE kids – органска пастеризирана мешавина за мраз сладолед, со различни вкусови, 10 x 40ml

Во пресрет на летните горештини вкусно и освежувачко задоволство за нашите најмили !

Органски сертифициран производ, погоден за вегани.

BIOICE kids во својот состав содржи 30% органски концентриран гроздов сок, органски концентриран сок од бозел и вода. Достапен е во 4 различни вкусови: вкус на јагода и ванила, боровинка, банана и кока кола. Практичен за носење и употреба. Различните вкусови, во течна форма се спакувани во кесички од по 40ml. Пред употреба ставете ја кесичката во замрзнувач најмалку 3 часа и го имате омилениот вкус на сладолед.

Image

 

Органски агар-агар во прав, 40g

Органско средство за желирање од растително потекло. Погоден е за вегани и за лица кои се хранат со макробитски начин на исхрана. Може да се каже дека агар-агарот е растителна алтернатива на желатинот. Се добива од клеточните ѕидови на црвените алги (Gelidium cartilagineum). Неговите составни компоненти се два полисахариди: агаропектин и околу 70% агароза на која во најголем дел се должи својството за гелирање. Се карактеризира со висока гелирачка спсособност, дури и во минимална концентрација од 6%. Сувиот агар најчесто е во прашкаста форма или во форма на флексови и е растворлив во жешка вода, а за да формира гел по растворањето потребно е да се олади.

Погоден е за подготовка на желе или како згуснувач за разни видови на десерти, сладоледи, во подготовка на супи и варива каде што е потребно згуснување. Соодносот за подготовка на желатинозна смеша е 15g на 1L течност.

Image

 

Органска цикорија, 500g

Органски сертифициран производ, кој не содржи млечни производи и е погоден за употреба и кај вегани.

 

Во својот состав содржи органски печен и мелен корен од цикорија.

 

Цикоријата (Cichorium intybus) традиционално, многу години наназад се користи насекаде во светот. Прв пат била одгледана од древните египќани, како медицинско растение, замена за кафе, а била користена и како сточна храна.

Ова повеќенаменско растение содржи значајни вреднсти на нутритивни компоненти (протеини, јаглехидрати и минерали), како и повеќе од 100 детерминирани активни компоненти (органски киселини, флавоноиди, танини, сесквитерпени, лактони, есенцијали масла, антоцијанини),  а како главна составна компонента се јавува цикоричната киселина.

Во 1970 година е откриено дека коренот на цикорија содржи 40% инулин, кој поволно влијание на нивото на шеќерот во крвта, поради што цикоријата може да ја користат и лица кои имаат проблем со дијабет.

Многубројните активни компоненти ја оправдуваат традиционалната медицинска употреба на цикоријата. Согласно литературните податоци коренот на цикорија традиционално се употребува во повеќе земји во светот: против маларија, дијареја, за здрава простата и другите репродуктивни органи, мамурлак, прочистување на жолчните патишта, како холагог за подобро лачење на жолчка и намалување на шеќер, за жолтица, проблем со црниот дроб, гихт, реума, за атеросклероза, артритис, подбра дигестија, бубрежни заболувања, диабетес, проблеми со варењето и недостаток на апетит, диуретик, лаксатив, противвоспалително, проблеми со црниот дроб, намалување на шеќер во крвта, тоник, камења во бубрези.

Резултатите од две спроведени клинички студии покажуваат дека употребата на кафе од цикорија може да има бенефити на кардиоваскулариот систем и во случаи на појава на остеоартритис.

Пијалокот од цикорија има пријатен, малку горчлив вкус, со нота на карамела. Природно не содржи кофеин и може да се конзумира наместо кафе во било кој дел од денот.

На здравје!

Image

Уживајте во крцкавиот вкус на нашите нови органски барови без глутен !

Органски крцкав бар од семки на тиква, без глутен, 25g

Крцкавиот бар од семки од тиква е органски сертифициран производ кој во својот состав содржи 55% органски семки од тиква и 45% органски оризов сируп како заладувач. Претставува извор на протеини и растителни влакна, што го прави одличен избор за лицата кои имаат потреба од внес на храна богата со протеини и растителни влакна. Не содржи глутен, поради што можат да го користат и лица кои имаат проблеми со глутенот.
Image

 

Органски крцкав бар од бадеми, без глутен, 30g

Органски сертифицираниот бар од бадеми се состои од 60% органски бадеми  и 40% органски оризов сируп како заладувач. Крцкаво и вкусно, со големо количество на растителни влакна и погоден за вегани.  Одлична здрава закуска за целото семејство. Крцкавиот бар од бадеми, не содржи глутен, поради што е погоден за употреба кај лица кои имаат проблеми со целијакија или внимаваат на внесот на глутенот во својата исхрана.