MorgenLand

Image MorgenLand

Кокосот кој се користи за добивање на кокосови протизводи се одгледува во Шри Ланка.

Се одгледува во контролирани услови согласно стандардите за органска храна и контролирано од инспектори на сертификациски тела. Органскиот шеќер од кокос на MorgenLand има одлично избалансиран однос на шеќери и лесна растворливост. Може да се употребува во ладните и топли јадења, како засладувач за напитоци или десерти.

Органската кокосова вода е одличен рехидрирачки и освежувачки напиток кој треба да го имате секогаш со себе. 

Image

 

 

 

Органски кокосов шеќер, 200g  

Органскиот кокосов шеќер на MorgenLand има избалансирана слаткост со карамелизиран вкус. Природно содржи витамини, минерали (цинк, калциум и калиум), влакна (инулин) и антиоксиданти. Се користи како замена на белиот шеќер во сите јадења каде што е потребен засладувач (замена 1:1).

Со додавање на кокосовиот шеќер на десертите, пецивата и пијалоците им се дава посебен вкус и арома. Погоден е за употреба кај вегани.

Image

 

Органска кокосова вода, 250 ml

Органската кокосова вода или сок се добива од кокосови плодови на кокосови палми кои се одгледуваат во Индонезија со био проектот на MorgenLand. Освежителен пијалок со единствен вкус, кој како минерално избалансирана течност оптимално се искористува од страна на организмот. Може да ја употребуваат и вегани.