Probios

Image Probios

Тестенините од повеќе видови житарки на  Probios, произведени во Италија се од органско брашно од  пченка, ориз, интегрален ориз, елда и  киноа, не содржат глутен и се погодни  за лица кои не смеат да користат глутен во својата исхрана, а го сакаат вкусот на тестенините.

Одличната комбинација од повеќе житарки надополнета со зачини или сосови по желба дава  вкусен и хранлив оброк за целото семејство

Посебниот начин на производство, овозможува лесна подготовка  на тестенините.

Наш предлог за подготовка: Ставете 1 литар вода да зоврие и додадете 7g сол. Ставете 100g тестенини и оставете да се варат 10-12 минути. Процедете ги тестенините и зачинете по желба.

Органските тестенини од повеќе житарки без глутен може да ги најдете во три форми: дитали, макарони и шпагети.

Image

 

Органски дитали од

повеќе житарки, без глутен,

340 g

Image

 

Органски макарони

од повеќе житарки, без глутен,

340 g 

 
Image

 

Органски шпагети

од повеќе житарки,без глутен,

340 g 

 

 

 

Органски, вкусни и без глутен!

Image

 

Органски пире снегулки од компир, без глутен, 250 g (3 пакувања x 75g)

Спремно за само 5 минути!

Без глутен и без млечни производи.

Во својот состав содржи 99% компир и природен екстракт од рузмарин.

Компирот е еден од најчесто употребуваните растенија, по пченицата, оризот и пченката. Извор е на витамини и минерали како: витамин Ц, Б5, тиамин, рибофлавин, фолати, ниацин, магнезиум, калиум, фосфор, железо и цинк. Содржи и фенолни компоненти како каротеноиди и антоцијани кои имаат антиоксидантни својства.

Пире снегулките од компир на Probios се органски, без млечни производи и без глутен, поради што се одличен избор за лица кои имаат интолеранција на лактозна и глутен.

Предлог начин за подготовка: ставете 200 мл млеко, растителен напиток или вода во сад за готвење, додадете малку сол и оставете да зоврие. Потоа тргнете го садот на страна. Додадете 200мл ладна вода, истурете ги пире снегулките од една кесичка, и мешајте околу 2 минути додека да добиете мазна кремаста текстура. За уште подобар вкус може да додадете путер, ладно цедено маслиново масло или рендано сирење. 

Image

IL NUTRIMENTO Органски темен крем од какао и лешници, без глутен, 160 g (133ml) 

За сладокусците и љубителите на кремови, Probios ги произведе безглутенските органски темен и млечен крем во туба.

Во својот состав содржи шеќер од шеќерна трска, сончогледово масло, обезмастено какао во прав, паста од лешник и соја лецитин како емулгатор. Темниот крем е одличен за декорирање на разни видови на слатки.

 
Image

 

IL NUTRIMENTO Органски млечен крем, без глутен, 160 g (133ml)

Млечниот крем се состои од шеќер од шеќерна трска, сончогледово масло, полномасно млеко во прав,  соја лецитин како емулгатор и природна арома на ванила.

Може да се користи самостојно или за декорирање на слатки.