Probios

Image Probios

Древната пченица Камут® Khorasan и здравствените придобивки: легенда или реалност?

Пченицата е една од првите култивирани житарки и е основната храна на човештвото веќе 8000 години. Најчесто користен вид е дурум пченицата, како и производите од неа, но во последната декада се зголемува интересот за древните житарки кои никогаш не биле генетски модифицирани и го зачувале своојот богат нутритивен состав и органолептички својства.

Камут®  Khorasan пченицата е древна житарка која  потекнува од Египет. Како заштитена трговска марка КAMUT® гарантира висок квалитет кој се однесува на содржината на протеини и селен, и според кој оваа пченица не смее да биде генетски модифицирана или хибридизирана, а треба да биде органски сертифицирана.

Користењето на Камут® пченицата во прехранбената преработувачка индустрија значи добивање на производи со поголема нутритивна вредност. Лебот и тестенините добиени од Камут® брашно се особено вкусни, со подолг рок на траење и имаат повеќе каротеноиди и протеини во однос на тие добиени од другите видови на житарки.

Според литературните податоци Камут® пченицата, брашното и производите од нив содржат повеќе вкупни феноли и поседуват поголеми антиоксидантни својства во однос на другите видови на пченица. Содржи процијанидин, биоактивни пептиди, мали фрагменти на протеини и каротеноиди. Од каротеноидите најзастапен е лутеинот и тоа во повисока концентрација во однос на другите видови на пченица.

Согласно научните истражувања Камут® пченицата и производите од неа се помалку алергени и полесни за варење во однос на другите видови на пченица.

Од палетата на производи од Камут® Khorasan пченица во нашите продажни места веќе може да се набават два вида на Камут® Khorasan брашно.

Image

 

Органско интегрално брашно од Камут® Khorasan пченица, 500 g 

Се состои од органско интегрално брашно од Камут® Khorasan пченица.

Интегралната пченица не подлежи на процеси на сепарација и затоа природно содржи големо количество на влакна. Интегралното брашно од Камут® Khorasan пченицата е многу вкусно и погодно за подготовка на леб, крекери, двопек, солени стапчиња, schiacciate(тесто слично на пица), пица и секако за колачи.

Image

 

Органско брашно од Камут® Khorasan пченица, 500 g 

Се состои од органски брашно од Камут Khorasan пченица кое се добива со делумно одвојување на триците. Тестото од ова брашно добро нараснува и погодно е за подготовка на леб, крекери, двопек, солени стапчиња, schiacciate (тесто слично на пица), пица и секако за колачи.

Пробајте ги древните вкусови кои ни ги дарила природата и бидете креатори на сопственото здравје!