Безглутенски чоколаден тарт
Неодолив чоколаден тарт без глутен, кој го обожаваат и оние кои немаат проблем со глутенот
Состојки:
- 1 шолја кокосови снегулки
- 1 шолја дробени јатки
- ½ шолја оризово брашно
- ½ шолја стопено кокосово масло
- 3 супени лажици кафеав шеќер
- 2 супени лажици какао во прав
- 1 шолја органски крем од кокос (The Bridge Bio)
- 170 гр темно чоколадо ситно исечкано
- Замрзнато шумско овошје по желба за декорација
Подготовка на тесто:
Загрејте ја рерната на 180°C. Земете сад за тарт 9” со дно кое се отстранува. Намастете го садот.
Во еден сад измешајте ги кокосовите снегулки, дробените јатки, брашното од ориз, кокосовото масло, шеќерот и какаото додека не се формира густа леплива смеса. Потоа префрлете ја смесата во подготвениот сад за тарт. Со рацете цврсто притискајте ја смесата на дното и по страните на садот за тарт. Печете 10 минути, а потоа оставете комплетно да се излади.
Подготовка на чоколаден крем:
Во мал сад загрејте го кремот од кокос до пред зовривање со повремено мешање, а потоа додадете го чоколадото и прстофат сол. Загревајте ја смесата 3-4 минути со повремено мешање. Потоа префрлете го кремот врз тестото во садот за тарт. Ставете го тартот во фрижидер да отстои непокриен 2 часа. За сервирање декорирајте со замрзнато шумско овошје по желба.