Холестерол
Холестеролот е вид маснотија која се произведува во црниот дроб, но го внесуваме и преку храната. Одговорен е за обезбедување интегритет на ѕидот на клетките и нивна стабилност. Од него се синтетизираат хормони – кортикостероиди кои овозможуваат живот и функционирање во стресни ситуации, како и на тестостеронот, естрогенот и прогестеронот, најважните хормони за репродукција. Од холестеролот се синтетизира витаминот Д, неопходен за одржување здрави коски, производство на инсулин, заштита на нервниот и имунолошкиот систем на организмот, создавање жолчни киселини за разградување на мастите од храната и многу други значајни функции.
Холестеролот има две важни фракции:
- ЛДЛ холестерол или "лош холестерол". Овој дел од холестерол се таложи на крвниот сад доколку е вишок. Како резултат на оваа појава, крвниот сад се згуснува и сè повеќе ја губи својата еластичност.
- ХДЛ холестерол или „добар холестерол” што не се таложи на садот, чија висока вредност има кардиоваскуларен заштитен ефект.
Холестерол во крвта - симптоми, причини и решение како да го намалите холестеролот
Симптоми на холестерол:
- болки во градите или срцев удар
- атеросклероза
- церебрален мозочен удар
- болка во долните екстремитети како и тромбоза на вените со развој на тромбофлебитис
- нарушување на циркулацијата
- промени на кожата и промени на очите
- стомачни болки
Најчести причини за покачен холестерол се:
- Дебелината - може да доведе до зголемување на LDL (лошиот холестерол).
- Наследност - гените може да влијаат на метаболизмот на LDL (лошиот) холестерол. Луѓето со фамилијарно пореметување на холестеролот во крвта имаат зголемен ризик од рана срцева болест.
- Физичката неактивност - Редовната физичка активност може да го намали нивото на триглицериди во крвта и да го зголеми нивото на HDL (добриот) холестерол
- Психички стрес - тогаш се покачува нивото на хормоните на стресот, а холестеролот расте бидејќи е неопходен за нивно создавање.
- Возраст и пол: кај лицата на возраст од 60 до 66 години, па дури и после 50-тата година,расте нивото на холестерол поради намалување на нивото на репродуктивните хормони, кои ги создава холестеролот.
Терапија:
- Омега-3 масни киселини,
- Витамин Е,
- Витамин Ц,
- Селен
- Разни антиоксиданси