Путер торта со мача
Состојки (за тортата):
- 170 г путер (омекнат)
- 200 г шеќер
- 1/4 кафена лажица сол
- 3 јајца
- 10 мл (2 кафени лажички) екстракт од ванила
- 30 мл крем за готвење
- 1 супена лажица органска мача во прав
- 120 г брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво
За декорирање:
- 1/2 кафена лажичка мача во прав
- 1/4 шолја шеќер во прав
- Овошје и цвеќе, по желба
Начин на приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180С.
- Подгответе тавче за печење со тоа што ќе го намачкате со зејтин и посипете со брашно.
- Во еден сад ставете го путерот заедно со шеќерот и солта и миксирајте 5 минути. Потоа додадете ги и јајцата и миксирајте уште 5 минути. Потоа додадете ги кремот за готвење и екстрактот од ванила и повторно миксирајте додека смесата не се соедини делумно. Потоа додадете ги мачата, брашното, и прашокот за печиво. Миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата во подготвеното тавче за печење и измазнете ја на врвот.
- Печете околу 25-30 минути, додека горниот дел не стане сунѓерест. Извадете ја тортата од рерната и оставете ја да се излади 10 минути, превртете ја тортата на решетка и оставете ја да се излади целосно.
- За декорација, измешајте ја мачата во прав заедно со шеќерот во прав.
- Посипете ја тортата и украсете ја со свежо овошје по желба!