Тенка и крцкава пица
За љубителите на пици, еве еден лесен рецепт:
Состојки:
🍕 175г безглутенска мешавина за пица
🍕 175мл млака вода
🍕 1 ½ лажица масло
Подготовка: Загрејте ја рерната на 220ºС. Во голем сад ставете ја безглутенската мешавина за пица, додадете вода и масло и мешајте за да добиете густа смеса. На плех за печење ставете хартија и врз неа распоредете ја смесата рамномерно. Оставете го плехот на топло место 30 минути. Со вилушка избоцкајте го тестото. Печете во рерна 20 минути. Потоа додадете додатоци по желба и печете уште дополнителни 12 минути.
Предлог за додатоци:
намачкајте 100 грама песто врз полупеченото тесто, додадете 100 грама фета сирење и допечете ја пицата.
(удвојте ги количините за 2 пици)