GEROVITAL H3 Hyaluron C Ампули со 2% хијалуронска киселина и витамин Ц, 10 ампули
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2022-07/gerovital-H3-Hyaluronic-Acid-and-Vitamin-C-Ampoules-%282%25%29-10x2ml-491.jpg?h=fbf7a813&itok=QC-j8T8t)
Опис на производот
GEROVITAL H3 EVOLUTION Hyaluronic acid and vitamin C ampoules
- Ампули од 2% хијалуронска киселина и витамин Ц
- Дерматолошки тестирано
Ампулите содржат серум богат со чиста и липозомална хијалуронска киселина и витамин Ц, состојки со хидратантно дејство за измазнување на брчките и антиоксидативни ефекти, кои овомзожуваат пополнување и измазнување на брчките одвнатре и ги спречуваат несаканите ефекти од предвременото стареење на кожата.
Чистата хијалуронска киселина придонесува за зголемување на количината на вода во последниот слој од епидермисот и ја намалува трансепидермалната загуба на вода. Липозомите со хијалуронска киселина се апсорбираат во кожата и обезбедуваат хидратација на ниво на дермисот. Витаминот Ц е силен антиоксиданс.
Пакување: 10 ампули х 2 мл
Содржина
Состав: вода, глицерин, пропанедиол, лецитин, натриум хијалуронат, екстракт од Chondrus crispus, карбомер, феноксиетанол, етилхексилглицерин, ППГ-26-бутет-26, ПЕГ-40 хидрогенирано рицинусово масло, 3-0-етил аскорбинска киселина, натриум цитрат, лимонска киселина.
Употреба: Исцедете го целиот серум во долниот дел од ампулата. Пред да ја скршите, за да ги заштитите рацете, замотајте ја ампулата со салфетка. Содржината на ампулата истурете ја во дланката и нанесете ја на чиста кожа со нежна масажа. Целата содржина на ампулата е наменета за една употреба. Откако серумот ќе се апсорбира, нанесете го вашиот дневен крем.
Да се избегнува контакт со очи! Само за надворешна употреба!