ALKALOID Бетадин 10% раствор 100 мл

ALKALOID Бетадин 10% раствор 100 мл
147,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006138C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Бетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод. Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.

Индикации

  • Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации
  • Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии
  • Лекување инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, третман на лацерации и на абразии, инфицирани декубитални или застојни улцери, секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен

Пакување: 100 мл раствор

Содржина

Состав: povidone - iodine 10 %.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се