ALKALOID Дезинтал 0,2%, 950 мл
Опис на производот
Dezintal ® 0,2 %
Dezintal ® 0,2% е извонредно катјонско средство за дезинфекција, кое успешно ги уништува грам-позитивните и грам-негативните бактерии, алгите и габите, како и одредени групи дерматофити и одредени типови вируси, вклучувајќи ги Influenza virus, SARS и др.
Dezintal ® 0,2 % не нагризува и не оштетува стакло, порцелан, емајл, пластика, дрво, кожа, обоени предмети, текстил, гума, предмети од хром, никел итн.
Се употребува за дезинфекција и за дезодорирање на рацете, приборот за јадење, сите видови садови, на кујнските апарати, ладилниците, помошните простории, на санитарните простории, ѕидовите, на подовите и др, кои по извршеното чистење или дезинфекција се пребришуваат, се мијат или се испираат со вода.
Дезинфекцијата се врши без разредување, со пребришување, миење, испирање, потопување или со распрскување.
Не ја загадува човековата околина и целосно е биолошки разградлив.
Пакување: 950 мл
Содржина
Состав: 100 мл раствор содржи бензалкониум хлорид 0,2 г
Дејство: бактерицид, фунгицид и вируцид
Мерки на претпазливост: Не смее да се употребува за промивање на телесните празнини, на слузокожата и на очите, како и на оштетена кожа