ALKALOID Дезинтал 5%, 1000 мл
Опис на производот
Dezintal 5% е извонредно катјонско средство за дезинфекција кое успешно ги уништува Грам-позитивните и Грам-негативнитебактерии, алгите, габите, одредените групи дерматофити и одредените типови вируси. Бактерицидниот ефект го постигнува за кратко време и при големи разредувања (мали концентрации). Не дејствува на ацидорезистентни микроорганизми, па затоа не може да се употребува за дезинфекција на туберкулозен спутум, на предмети и на површини загадени со Mycobacterium tuberculosis.
- Бактерицид- вклучувајќи ги и Staphylococcus aureus осетлив на метицилин(MSSA), Staphylococcus aureus резистентен на метицилин (MRSA), Pseudomonas aeruginosa, Еscherichia coli, Enterococcus faecalis
- Фунгицид – вклучувајќи ги и Candida albicans и Aspergillus niger
- Вируцид – вклучувајќи ги и HIV, Influenza virus, Herpes simplex, SARS и др.
Пакување: 1 л.
Содржина
Dezintal 5% лесно се разредува со студена и со топла вода, има продолжено дезинфекциско дејство, не нагризува и не оштетува стакло, порцелан, емајл, пластика, дрво, кожа, обоени предмети, текстил, гума, предмети од хром, никел.