ALPHAGOMED U80-EH Апарат за мерење крвен притисок, за надлактица

Alphago Med Upper Arm Electronic Blood Pressure Monitor U80EH aparat za pritisok za nadlaktica
ALPHAGOMED U80-EH Апарат за мерење крвен притисок, за надлактица
2.141,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050586C
favorite_border

Опис на производот

AlphagoMed Wrist Electronic Blood Pressure Monitor U80EH - дигитален апарат за мерење на крвен притисок

  • За надлактица
  • Голем LCD екран
  • Автоматско исклучување
  • Година/Месец/Датум/Време – функција
  • 2х90 меморија
  • Широка манжетна (22-42 цм)
  • Просек од 3 мерења

Вашиот нов дигитален апарат за мерење на крвен притисок го користи осцилометрискиот метод за мерење на крвниот притисок. Ова значи дека уредот ги детектира движењата на крвта преку брахијалната артерија и ги претвора движењата во дигитално читање. Осцилометрискиот уред е едноставен за употреба, затоа што не му треба стетоскоп. 

Интелегентен уред, намалување на непријатностите при мерење, резултати за кратко време, долготрајна употреба.

2x90 сетирање на мемориската функција, секој резултат од мерењето се прикажува на екранот и автоматски се зачувува. Овој уред има индекс на класификација на крв, на начин на кој лесно може да се провери вашиот крвен притисок.

Прочитајте го упатството внимателно пред да го користите апаратот. Чувајте го упатството можеби ќе треба да го прочитате повторно.

Автоматски уред наменет за мерење на систолниот и диjaстолниот притисок и брзината на на пулс, на надлактица. Се користи за домашна и болничка употреба и е наменет за лица над 12 години.

Пакување: 1 апарат за притисок.

 

Крвен притисок

Крвниот притисок е притисокот што го врши крвта врз артериите. Систолниот крвен притисок претставува крвен притисок кој настанува со контракција на срцевиот мускул. Дијастолниот крвен притисок претставува крвен притисок кој настанува со релаксација на срцевиот мускул.

Систолен крвен притисок                            Дијастолен крвен притисок 

                                                                      

  • Според класификацијата на крвниот притисок од WHO/ISH
  • Систолен крвен притисок понизок од 100mmHg (13.3kPa) се смета за хипотензија

Тип на крвен притисок

  • Оптимални вредности на крвниот притисок: 
    • под 80mmHg Дијастолен крвен притисок
    • под 120mmHg Систолен крвен притисок
  • Нормален крвен притисок  
    • 80-85mmHg Дијастолен крвен притисок
    • 120-130mmHg Систолен крвен притисок
  • Висок крвен притисок          
    • 85-90mmHg Дијастолен крвен притисок
    • 130-140mmHg Систолен крвен притисок
  • Лесна хипертензија             
    • 90-100mmHg Дијастолен крвен притисок
    • 140-160mmHg Систолен крвен притисок
  • Умерена хипертензија        
    • 100-110mmHg Дијастолен крвен притисок
    • 160-180mmHg Систолен крвен притисок
  • Тешка хипертензија              
    • над 110mmHg Дијастолен крвен притисок
    • над 180mmHg Систолен крвен притисок

           Оптимални вредности              Нормален крвен притисок              Висок крвен притисок

            Лесна хипертензија                   Умерена хипертензија                 Тешка хипертензија

Содржина

Начин на користење:

  • Поставете ја манжетната на надлактицата на левата рака. Долниот раб од манжетната треба да биде оддалечен 2-3cm од зглобот. Манжетната треба да биде поставена во висина на срцето.

  • Притиснете го копчето Start / Stop за да го започнете мерењето

  • Притиснете го копчето MEM да го видите резултатот од предходното мерење

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Овој уред не смее да се користи кај лица со тешка срцева инсуфициенција поради ризик од задушување и смрт. Овој уред не е погоден за употреба кај новороденчиња и деца.

Безбедносни информации: За да се обезбеди правилна употреба на производот, секогаш треба да се следат основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги предупредувањето и претпазливоста наведени во упатството за употреба.

Внимание: Пациентите кои имаат аритмија, дијабетес, проблеми со циркулација на крв или апоплексија, да се конултираат со својот лекар за начинот на употреба на апаратот. Консултирајте се со вашиот лекар за специфични информации околу вашиот крвен притисок. Само-дијагностицирањето и третманот, кои се врз основа на измерените резултати, може да бидат опасни. Следете ги упатствата на вашиот лекар. Чувајте го производот на места недостапни за деца. Не е дозволена замена на опремата на уредот. Опремата на уредот не смее да се менува без овластување од производителот. Не користете средства за разредување, алкохол или бензин за чистење на уредот. Внимавајте да не го удрте уредот со тешки предмети или да не ви падне од високо. Користете ја соодветната манжетна, во спротивно уредот нема да функционира. Никогаш не оставајте слаба батерија во одделот за батерии, бидејќи може да истече и да предизвикаат оштетување на уредот. Извадете ја батеријата, доколку не го користите уредот во текот на 3 месеци. Не користете мобилен телефон во близина до уредот, може да влијае на резултатите од мерењето. Ве молиме избегнувајте употреба на апаратот во средина со големо зрачење со цел правилно да го извршите мерењето. Не го користете уредот во средина со запаливи гасови (како анестетички гас, кислород или водород) или запалива течност (како алкохол).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се