AURA Powder Bleach Бланш за осветлување и избелување на коса, 25 г
Опис на производот
Aura Powder Bleach Бланш за осветлување и избелување на коса.
- Препарат за избелување и осветлување на косата со специјална самозаштитна формула
- Наменет е за сите типови коса и спречува појава на жолтеникав тон во косата
- Ова е одличен производ за обезбојување на косата и извлекување прамени, а во исто време ја штити косата од негативните ефекти што можат да се појават при употреба на избелувач и трајно да ја оштетат косата
- Бидејќи содржи протеини и јаглехидрати, ја поддржува регенерацијата на оштетената коса и го зачувува сјајот, волуменот и влажноста, ја измазнува површинската структура на косата и ги затвора расцепените врвови
Нето-тежина: 25 г.
Содржина
Состав: Potassium Persulfate, Sodium Metasilicate, Ammonium Persulfate, Sodium Persulfate, Sodium Stearate, Hydrated Silica, Cyamopsis Tetragonoloba Gum, Silica, Magnesium Carbonate, Tetrasodium EDTA, Sodium Lauryl Sulfate, Cyclodextrin, CI 77007.
Употреба: во пластична или стаклена чинија да се стави неопходна количина бланш и да се измеша со хидроген. Аура бланшот постигнува најдобар ефект во комбинација со Аура хидроген во однос 1:2 (една мерица содржи 25 г бланш). Времето на третманот зависи од типот на косата и саканиот ефект и трае од 15 до 50 минути. За јака деколорација на косата (бланширање) се користи 9%-тен хидроген. За извлекување на прамени се користи 12%-тен хидроген. По завршување на третманот косата целосно да се измие со шампон.
Предупредување: може да предизвика алергиска реакција. Строго да се придржува према упатството за употреба. Да се носат заштитни ракавици за време на целиот третман. Да се чува подалеку од дофат на деца. Никогаш не правете хемиско (трајно) виткање или исправување на косата непосредно пред или по употреба на бланш. Производот да не се употребува ако: кожата на главата ви е осетлива, надразнета или оштетена. Производот да не се употребува за белење на трепки и веѓи. Да се избегнува контакт со очите. Доколку дојде до тоа да се исплакнат со вода. Правот да не се вдишува. Да не се користи хидроген поголема концентрација од препорачаната. Да се чува на суво и темно место. Само за професионална употреба.