AURA Powderful Deep 03 Пудра во прав

Опис на производот
За супериорен допир на кожата, пудра во прав која со својата лесна и воздушна текстура прави кожата да изгледа совршено свежо и природно. Кожата дише слободно и формира вистински заштитен штит кој ја ограничува апсорпцијата на штетните честички однадвор без негативно да влијае на природното функционирање на кожата.
Минералните елементи овозможуваат текстурата на пудрата да се „спојува“ со кожата (skin feel), поради што чувството на лицето е многу пријатно. Меѓу другото, добрата страна на минералните елементи е што не ја сушат кожата, туку дополнително ја хидрираат и овозможуваат чувство на удобност. Содржи микро честички кои го апсорбираат вишокот на себум и помагаат да се неутрализира сјајот, со што се гарантира долготраен мат финиш.
Оваа пудра е идеална за секојдневна употреба, може да се примени како последен чекор за местење/фиксирање на течна пудра или самостојно доколку сакате само да постигнете ефект на мат и изедначен изглед на кожата. Воздушната текстура на самата пудра нема моќ на покривање, туку само се асимилира со бојата на тенот. Кожата ја зачувува својата природна убавина со секое ново нанесување. Производот е збогатен со мирисна лотос нота, која предизвикува уште поголемо задоволство при нанесувањето.
Иновацијата, што се однесува до самото пакување, е еластичната мрежа во заштитната обвивка, која овозможува дозирање на оптималната количина на производот при нанесување, притоа спречувајќи го расипувањето на содржината и задржувањето во самата амбалажа.
Нето-тежина: 8 г
Содржина
Совет за апликација: нежно притиснете ја мрежата со соодветната четка за шминка и земете оптимална количина пудра. Нанесете на кожата со лесни движења од центарот на лицето кон надвор.