Babybio – француски органски бренд за бебешка и детска храна во Македонија
Кога станува збор за првите години од животот, изборот на храна е повеќе од навика – тоа е основа за здрав раст и развој. Родителите сѐ почесто бараат природни, безбедни и јасно декларирани производи, а Babybio се вбројува меѓу брендовите што нудат токму таков пристап. Како водечки француски бренд за органска бебешка и детска храна, Babybio носи искуство, одговорност и рецепти инспирирани од вистинска, домашна храна.
Кој е брендот Babybio? 🇫🇷 🍼🌱
Babybio е француски бренд специјализиран исклучиво за органска исхрана на бебиња и мали деца. Од самиот почеток, фокусот е ставен на квалитетот на состојките, безбедноста на производството и почитта кон природата. Брендот работи со доверливи француски фармери и применува одржливи практики, со цел да обезбеди храна што е чиста, нутритивно избалансирана и со природен вкус.
Мисијата на Babybio е јасна: да им понуди на бебињата и малите деца природна и здрава, органска исхрана која го поддржува нивниот правилен развој од најрана возраст.
Нивната визија е заедно да изградиме екосистем што создава вредност за сите со земјоделски модел и поодржлив развој кој ќе им служи на сите живи суштества.
Органски стандарди и безбедност✅🌱
Babybio (baby-бебе + bio-органско) е француски пионер во производството на органска храна за бебиња кој постои од 1996 година (25 годишна традиција) и секојдневно придонесува за подобра иднина и за децата и за природата.
Сите производи се:
- Изработени од 100% органски состојки (сертифицирано био производство)
- Без ГМО
- Без вештачки адитиви, конзерванси или додаден шеќер
- Производството се одвива според строги органски стандарди, со посебно внимание на потеклото на состојките и начинот на обработка
- Брендот соработува исклучиво со доверливи француски фармери и применува еколошки одговорно производство
Зошто Babybio се смета за премиум бренд? ⭐
Бебибио се издвојува по комбинацијата на квалитет, транспарентност и практичност. Во однос на грамажата и премиум квалитетот, брендот е меѓу најконкурентните на пазарот. Рецептите се инспирирани од домашна храна, со јасно препознатливи вкусови и текстури прилагодени на возраста.
Дополнителна предност е повисокиот степен на органски стандарди во споредба со дел од конкурентите, како и фокусот на автентични, чисти формули што потсетуваат на домашните кашички за бебиња, родителите лесно ги препознаваат и им веруваат.
Разлика помеѓу тегличка и кесичка 🫙🧃
Изборот на формат е исто толку важен колку и изборот на состојките.
Кашичките може да бидат овошни, зеленчукови или комбинирани и се консумираат со лажичка, што ги прави идеални за оброци дома и за воведување нови текстури.
Производите во кесичка се нарекуваат пире и во моментов најчесто се овошни. Практични се за надвор и за постари бебиња и мали деца кои веќе можат самостојно да ги консумираат. Има повеќе типа на пиреа чија основа најчесто е јаболко во комбинација со друго овошје или житарка.
Важно е да се нагласи дека форматот не ја ограничува содржината – Babybio нуди различни комбинации прилагодени на возраста и навиките на детето.
Видови Babybio производи според оброк и состојки 🍎🥕🍝
Асортиманот на Babybio нуди целосна палета на оброци прилагодени за различна возраст, различни делови од денот и различни нутритивни потреби, за дохрана и како први кашички за бебето, за ужинка или комплетен оброк.
Овде спаѓаат овошните каши во стаклена тегличка и овошните пиреа во кесичка. Тие се наменети за воведување нови вкусови, како и за лесни оброци и закуски. Акцентот е ставен на локално и органско производство со 81% на овошје од Франција.
Babybio нуди и зеленчукови каши во тегличка, со внимателно избрани комбинации на зеленчук. Овие производи се погодни за ручек или вечера и помагаат во навикнување на солени вкусови. Изработени се по уникатни рецепти за вкусен домашен оброк со 94% на зеленчук кој е произведен во Франција.
Во понудата има и рецепти со житарки и тестенини, кои претставуваат балансирани оброци и постепено воведуваат посложени текстури.
Посебно развиени комбинации, прилагодени за вечерен оброк, кои помагаат во воспоставување мирен сон. Ноќните каши на BabyBio за разлика од останатите на пазарот содржат житарки со зеленчук, а не овошје што води кон балансирана и нутритивна исхрана.
Како да изберете Babybio производ според возраста и оброкот 🍼
При изборот, родителите треба да ја земат предвид возраста на детето, развојот на моториката и делот од денот кога се консумира оброкот. Помалите бебиња (од 4 и 6 месеци ) најчесто започнуваат со поедноставни, хомогени каши, додека со текот на времето се воведуваат покомплексни комбинации и текстури (од 8 месеци па нагоре).
Што треба да знаат родителите за Babybio ℹ️
-
Дали Babybio производите содржат додаден шеќер?
Не. Сите производи се без додаден шеќер (sugar free) и се потпираат на природниот вкус на состојките.
-
Дали постојат безглутенски опции?
Да, поголем дел од производите се безглутенски (gluten free) и се јасно означени според возраста.
-
Кои вкусови се најпогодни за воведување?
Обично се препорачуваат едноставни комбинации како јаболко со друго овошје, без тешки текстури; постепено се зголемува текстурата според развојот.
-
Дали Babybio нуди само овошни производи?
Не. Понудата вклучува овошни, зеленчукови и комбинирани оброци, како и рецепти со житарки и тестенини.
-
Како треба да се додаваат нови вкусови во исхраната?
Воедувајте по еден нов вкус на растојание од неколку дена за да ги следите реакциите на детето.
-
Како да ги складираат производите и колку се трајни?
Чувајте ги според упатствата на пакувањето и следете го рокот на траење. Не додавајте сол или шеќер. Остатокот од оброкот, доколку не е загреван и не сте му давале на бебето да јаде директно од тегличката, може да го чувате во фрижидер во добро затворено пакување, најчесто до 24 или 48 часа, зависно од упатството на соодветниот производ. Секогаш придржувајте се до упатството на самото пакување.
-
Каде може да се купи Babybio во Македонија?
Babybio е дел од понудата на Зегин на органски брендови, и производите може да се набават на Zegin Online и во сите аптеки на Зегин.
Заклучок 🧡
Babybio претставува сигурен избор за родители кои бараат органска, безбедна и разновидна храна за своите малечки. Со комбинација од овошни, зеленчукови и комплетни оброци, различни формати и јасни стандарди за квалитет, брендот нуди практични решенија за секојдневната исхрана на најмалите и најмилите.
🛒 Разгледајте ја понудата на Babybio органски производи и изберете ја соодветната каша или пире според возраста и потребите на вашето дете.
🚚 Бесплатна достава за сите online нарачки над 1500 денари!