BAYER Канестен раствор за кожа 1%, 20 мл

BAYER Канестен раствор за кожа 1%, 20 мл
255,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
005584C
favorite_border

Опис на производот

Канестен раствор се употребува за лекување на дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, кожна кандидијаза) и еритразма.

Пакување: 20 мл

Содржина

Употреба: Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во ова упатство (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.

На кожата нанесете тенок слој од Канестен растворот 2-3  пати дневно и втријте го. Доволни се неколку капки за лекување на површина голема колку дланка.

За да се обезбеди целосно излекување во зависност од индикацијата, третманот треба да продолжи според индикациите, дури и ако симптомите исчезнат.

Плодност, бременост и доење:

Пред да земете било каков лек, советувајте се со лекар или со фармацевт.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Да се избегнува контакт на лекот со очите.

Да не се голта!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се