BIOFARMA Ногрипин сируп, 100 мл

Опис на производот
Ногрипин е комбиниран лек кој содржи три активни супстанции вклучувајќи аналгетик и антипиретик (парацетамол), антихистаминик (хлорфенирамин малеат) и антитусик (оксоламин цитрат), кој делува на кашлицата со разредување на секретот со своите секретолитички ефекти.
Ногрипин се користи за одстранување на симптомите на акутните инфекции на горните дишни патишта како што се грип, настинка и алергиски заболувања како што се болка, треска, кивање, кашлање, течење на носот, затнат нос, кои се јавуваат кај алергиски заболувања.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: 5 мл содржи:
Парацетамол | 120 мг |
Оксоламин цитрат | 50 мг |
Хлорфенирамин малеат | 1мг |
Употреба:
- Деца на возраст помеѓу 6-12 години: ½ - 1 одмерна лажичка (2.5 мл - 5 мл) одеднаш.
Оваа доза може да ја повторите 3-4 пати на секои 6-8 часа на ден. Можете да дадете максимум 4 одмерни лажички на ден, не ја надминувајте оваа доза.
Лекот не треба да се користи кај деца на возраст под 6 години.