CANPOL Силиконска цуцла лажалка (6-18 месеци)
Опис на производот
- Ортодонтска силиконска цуцла лажалка
- Наменето за деца од 6-18 месеци
- BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)
♦Сликата од производот, односно бојата/дизајнот на производот е од информативен карактер и може да варира. За подетални информации, контактирајте нè во порака!
Пакување: 1 цуцла.
Содржина
Состав: силикон, тритан кополиестер.
Карактеристики на Canpol цуцлите лажалки: добар проток на воздух, што лесно може да се провери со притискање на цуцлата лажалка (оваа функција е многу важна за оралниот развој на бебето); штитниците со вентилациони дупки помагаат да се спречи иритација на деликатната бебешка кожа.
Вид на материјали: силикон - изработен од течен силикон, целосно транспарентен и безвкусен, латекс - изработен од латекс од природна гума.
Начин на употреба: Пред првата употреба, зовријте ја цуцлата лажалка 5 минути, потоа оставете цуцлата лажалка да се излади и нежно исцедете ја водата од внатрешноста.
Начин на одржување: Измијте ја цуцлата лажалка пред секоја употреба со топла вода. Не користете никакви антибактериски средства или абразивни средства за чистење. Употребувајте цуцла лажалка 1 до 2 месеци, потоа заменете ја со нова поради безбедносни и хигиенски причини. Се препорачува прекин на употребата на цуцли лажалки кај деца на возраст од 3 години.
Предупредување: Фрлете ја при првите знаци на оштетување. Никогаш не закачувајте ленти или врвки на цуцлата лажалка, бидејќи тоа може да предизвика задушување на детето.