DIMAS Чист колострум во прав, 90 г

Dimas Pure Colostrum cist kolostrum
DIMAS Чист колострум во прав, 90 г
2.860,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
057103C
favorite_border

Опис на производот

DIMAS Pure Colostrum Чист колострум во прав.

  • Висок имуноглобулин (IgG 30%)

Колострумот е првото млеко што го произведуваат цицачите по породувањето. Тоа е богата и хранлива супстанца која обезбедува основни хранливи материи и компоненти за зајакнување на имунитетот.

Димас Колострумот се добива од говедски (кравји) колострум, кој се собира, преработува и се суши со процес на замрзнување, со цел да се обезбеди биоактивност на производот и да се зачуваат заштитните материи.

  • Пакување кое може 85% да се рециклира
  • 90 г за 30 дена употреба за возрасни, 90 дена употреба за деца

Dimas Pure Colostrum е 100% чист колострум:

  • Без глутен
  • Без ГМО
  • Без хормони
  • Со ниска содржина на масти
  • Со неутрален вкус
  • Лесно се вари

Кога се препорачува да се консумира колострум? 

Поради бројните позитивни ефекти врз зајакнувањето на имунитетот, подобрувањето на расположението и општата состојба на организмот, колострумот се препорачува за возрасни и деца кои:

  • Често настинуваат
  • Имаат слаб имунитет
  • Се склони кон воспаление на грлото, ушите и белите дробови
  • Страдаат од алергии
  • Имаат проблеми со егзема
  • Имаат проблеми со дигестивниот тракт

Со консумацијата на колострум се подобрува здравјето и се зајакнува имунитетот на безбеден и природен начин.
Со ова се согласуваат многу педијатри, имунолози и алерголози, кои веруваат дека колострумот е најдоброто нешто што можете да го консумирате и да му го дадете на вашето дете.

Придобивки од консумирање на Димас Колострумот:

  • Зајакнување на имунолошкиот систем
  • Дигестивно здравје
  • Подобрување на виталноста
  • Регенерација на ткиво
  • Антиоксидантна заштита
  • Извор на енергија
  • Клеточно здравје

Пакување: 90 г.

 

Содржина

Состијки: Димас Колострумот е природен извор на витамини, минерали, протеини и ензими како што се: 

  • Имуноглобулини (IgG, IgA, IgM, IgE, IgD) – aнтитела кои посредуваат при имунолошкиот одговор на телото
  • Лактоферин – Протеин со силно антимикробно дејство кој помага при апсорпцијата на железото во телото, го поддржува здравјето на цревната обвивка и игра важна улога во имунолошкиот систем
  • Цитокини – мали протеини кои ја помагаат комуникацијата помеѓу клетките за стимулирање на имунитетот против воспаленија, инфекции и повреди
  • Полипептиди богати со пролин (PRPs)
  • Фактори за раст (IGF-I, IGF-II, EGF)
  • Витамини во лесно апсорбирачка форма (А, Ц, Е, Б1, Б2, Б6)
  • Минерали (калциум, магнезиум, фосфор, калиум и натриум)

Нутритивни вредности (на 100 г): енергетска Вредност 1,582 kЈ, 75 г/г, јаглехидрати 16 г/г, масти   1 г/г, влакна 0 г/г.

Начин на употреба:

  • Возрасни и деца над 12 години: 3 г (1 дозирна лажичка) на ден растворени во 150-200 мл вода
  • Деца од 3-12 години: 1 г (третина дозирна лажичка) на ден растворени во 100 мл вода, сок, млеко или јогурт

Максимална препорачана доза:

  • Возрасни и деца над 12 години: 30 дози по 3 г
  • Деца од 3-12 години: 90 дози по 1 г

Ви препорачуваме да го пиете Димас колострумот на дневно ниво, минимум три месеци непрекинато и додека не почувствувате подобрување. Нема потреба да се прави пауза во консумирањето.

Начин на чување: На ладно и суво место (под 25°C), да не е изложено на сончева светлина.

Сертификати: Халал, Кошер.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се