EUCERIN AntiREDNESS Крем против црвенило, 50 мл
Опис на производот
Линијата на Eucerin AntiREDNESS - предлага холистичен пристап во справувањето со трите симптоми, карактеристични за многу чувствителната кожа: нарушена бариерна функција, хиперреакција на нервните завршетоци и црвенило, често предизвикано од воспаление. Смирувачкиот крем против црвенило е специјално разработен за многу чувствителна кожа склона кон црвенило и кожа со розацеа / купероза.
Се нанесува два пати дневно на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето и обезбедува моментно и долготрајно пријатно чувство на кожата. Ефикасно го смирува црвенилото и ја заштитува кожата, а при редовна употреба ги минимизира иритациите.
Формулата комбинира две активни состојки: SymSitive и ликохалкон А.
SymSitive е иновативна активна состојка којашто делува на нервните завршетоци. На тој начин го смирува непријатното чувство и ја зголемува толерантноста на хиперчувствителната кожа.
Ликохалкон А е природна состојка добиена од коренот на растението кинеска ликорица. Истовремено има противвоспалително и антиоксидантно дејство, благодарение на што го намалува црвенилото и ги смирува иритациите.
Важно е кожната бариера да се заштити од алергични реакции и појава на неподносливост. Затоа смирувачкиот крем против црвенило има максимално прочистена формула, во којашто се користат само ограничен број состојки. Пакувањето е иновативно и ја заштитува содржината од загадување и оксидирање.
Пакување: 50 мл
Содржина
Состав: Aqua, Glycerin, Panthenol, Butyrospermum Parkii Butter, Cetyl Palmitate, Methyl Palmitate, Olus Oil, Pentylene Glycol, Methylpropanediol, Sodium Polyacrylate, 4-t-Butylcyclohexanol (Trans-Isomer), Glycyrrhiza Inflata Root Extract, Caprylyl Glycol.
Употреба: За моментно и долготрајно смирување на црвенилото, враќање на пријатното чувство на кожата и интензивна хидратација. Нанесете наутро и / или навечер на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.