EUCERIN Aquaphor Заштитен мелем, 45 мл
Опис на производот
Заштитен мелем за оштетена кожа - погоден за бебиња.
Заштитниот мелем за оштетена кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мелем образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Мелемот е збогатен со глицерин и пантенол. Глицеринот е ефикасен навлажнувач којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој делува заедно со пантенолот, којшто ја хидрира кожата и помага да се забрза нејзината регенерација и обновување.
Заштитниот мевлем за оштетена кожа е без мирис и конзерванси, а со клиничките и дерматолошките студии беше докажано дека го помага обновувањето на многу сувата, распукана или иритирана кожа.
Смирувачкиот, провиден мелем е лесен за нанесување и се втрива нежно во проблематичните зони како кожата на колената и на лактите, распуканата кожа на дланките, заноктиците и распуканата кожа на петите. Содржи само неколку состојки кои добро се поднесуваат од чувствителната кожа.
Погоден е за употреба кај бебиња и деца, како и при лесни изгореници и после површни дерматолошки процедури како на пр. ласерски третмани и хемиски пилинзи. Кожата е регенерирана, заштитена и обновена.
Заштитниот мелем за оштетена кожа треба да се користи само на реепителизирана кожа (т.е. откако ќе се образува ново ткиво), а не на отворени, влажечки или рани што крвават. Посоветувајте се со вашиот дерматолог колку долго треба да почекате после лечењето, пред да го користите производот.
Пакување: 45 мл.
Содржина
Состав: Paraffinum Liquidum, Cera Microcristallina, Ceresin, Lanolin Alcohol, Panthenol, Glycerin, Bisabolol.
Употреба: Нанесувајте толку често колку што е неопходно на засегнатите делови на кожата.
- Количина од производот на врвот на прстот обично е доволен за секоја рака. Истата количина е доволна за лицето и вратот на бебето.
- Со нежни масажни движења, со јагодиците на прстите втријте го во кожата. Мевлемот се затоплува и лесно се разнесува по кожата.
- Не нанесувајте на отворени, влажни рани или на рани што крвават. Почекајте кожата да се реепителизира, пред да почнете да го користите производот.