EUCERIN AQUAporin ACTIVE Дневен крем со СПФ 25, 50 мл

Опис на производот
Крем за лице за нормална кожа со СПФ 25.
Кремот за нега на лице со СПФ 25 и УВА заштита е иновативен хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата, а неа ја прави мека, мазна и сјајна. Истовремено ја заштитува кожата од оштетувањата предизвикани од УВБ и УВА зраците.
Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна. Неопходна е интензивна и долготрајна хидратација, за да може да изгледа и да се чувствува одлично.
Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем - аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре.
Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата.
Кадифената текстура на кремот со СПФ 25 и УВА заштита за нормална кожа обезбедува интензивна 24-часовна хидратација, којашто брзо се впива во кожата. Го смирува чувството на затегнатост и ја прави кожата мазна и мека.
Пакување: 50 мл
Содржина
Состав: Aqua, Glycerin, Octocrylene, Ethylhexyl Salicylate, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Alcohol Denat, Glyceryl Glucoside, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, Glyceryl Stearate Citrate, Hydrogenated Coco-Glycerides, Cetearyl Alcohol, Phenylbenzimidazole Sulfonic Acid, Tocopherol, Tapioca Starch, Ethylhexyl Stearate, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Carbomer, Trisodium EDTA, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Phenoxyethanol.
Употреба: Нанесете од кремот наутро, со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето. Избегнувајте контакт со очите.