EUCERIN Hyaluron Filler Сет ултралесен хидратантен гел и хидратантен ноќен крем, 30 x 50 мл

Опис на производот
Eucerin®Hyaluron-Filler Moisture Booster Сет од 2 производи на попуст (во однос на поединечното пакување), за 3 x ефект против стареење.
1. Eucerin Hyaluron-Filler Ultra Lite Moisture Booster Ултралесен хидратантен гел.
3х Ефект:
1. Ги пополнува брчките
2. Го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина
3. Заштитува од брзо разградување на хијалуронската киселина
Брзо дејство: освежена кожа и хидратација до 24 часа
Иновација: Ултралесната и освежувачка гел-формула брзо се впива. Само со 11 состојки: погоден за секој тип кожа, вклучително и за чувствителна кожа. Формулата, збогатена со комбинација од два висококонцентрирани вида на хијалуронска киселина и глицерин (сопствени состојки на кожата), ја исполнува кожата со брза и интензивна хидратација.
Резултат: Хидрирана и мазна кожа со здрав изглед.
Дерматолошките проучувања докажуваат: добра подносливост и ефикасност.
Одлична основа за шминка
Не е комедоген
Пакување: 30 мл.
2. Eucerin Hyaluron Filler Moisture Booster Night Хидратантен ноќен крем.
- За фини линии
- Ултра лесна текстура
3х Ефект:
1. Пополнува
2. Хидрира
3. Регенерира
Формула која делува додека спиете. Комбинира високомолекуларна хијалуронска киселина за хидратација на кожата и нискомолекуларна хијалуронска киселина којашто навлегува подлабоко во кожата, каде што се образуваат брчките. Во комбинација со глицерин формулата овозможува зголемена задршка на вода во кожата со што се обезбедува одлична хидратација.
ProVitamin Б5 предлага активни регенерирачки својства и ја зајакнува кожата, додека витамин Е го смирува оксидативниот стрес.
Хијалуронската киселина + глицерин + провитамин Б5 + витамин Е за свеж и здрав изглед на кожата, за чувство на помалку умор и подобра еластичност.
Кожата е интензивно хидрирана во текот на ноќта и во следните 72 часа. За сјајна кожа секој ден.
Резултат: кожата наутро изгледа интензивно хидрирана, регенерирана и обновена. Фините линии се пополнети.
Дерматолошките проучувања докажуваат добра кожна подносливост и многу добра ефикасност.
Пакување: 50 мл.
Содржина
- Eucerin Hyaluron-Filler Moisture Booster Ултралесен хидратантен гел
Состав: вода, денатуриран алкохол, бутилен гликол, глицерин, натриум хијалуронат, ПЕГ-40 хидрогенизирано рицинусово масло, каприлил гликол, натриум аскорбил фосфат, лимонска киселина, пентаеритритил тетра-ди-т-бутил хидроксихидроцинамат, мирис.
Употреба: за надворешна употреба. Нанесете како прв чекор од секојдневната нега наутро и навечер на чисто лице, врат и деколте, со нежни масажни движења.
Избегнувајте контакт со очите.
Не го нанесувајте во зоната на очите.
Чувајте го на температура под 25°C.
- Eucerin Hyaluron Filler Moisture Booster Night Хидратантен ноќен крем
Состав: вода, денатуриран алкохол, глицерин, пантенол, скроб фосфат, натриум хијалуронат, цетеарил изононаноат, изопропил палмитат, лороил лизин, сквалан, пантолакон, токоферол, гелан гума, карагеенан, дехидроксантан гума, ксантан гума, цетил алкохол, бехенил алкохол, лимонска киселина, млечна киселина, пентаеритритил тетра-ди-т-бутил хидроксихидроцинамат, феноксиетанол, мирис.
Употреба: за надворешна употреба. Да не се чува на температура над 25°C. Избегнувајте контакт со очите.