EUCERIN SUN Sensitive Protect Спреј за тело за заштита од сонце со СПФ 50+, 200 мл

Опис на производот
EUCERIN SUN Sensitive Protect Спреј за тело со многу висока заштита од сонце со СПФ 50+
- Ја смирува чувствителната кожа и ја заштитува од сончево оштетување
- Без мирис
- Исклучително водоотпорен
- Погоден за кожа склона кон атопичен дерматитис
- ADVANCED SPECTRAL TECHNOLOGY комбинира УВА/УВБ филтри за многу висока УВ заштита и ликохалкон А, коишто помагаат за неутрализација на слободните радикали, предизвикани од УВ- та и високоенергетската видлива светлина.
- Глициретинската киселина ги помага сопствените ДНК-регенеративни механизми на кожата
Пакување: 200 мл
Содржина
Состав: вода, денатуриран алкохол, бутил ме токсидибензоилметан, етилхексил триазон, бис-етилхексилоксифеноли метоксифенил триазин, изопропил палмитат, Ц12-15 алкил бензоат, дибутил адипат, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, диетиламино хидроксибензоил хексил бензоат, глицерил стеарат, фенилбензимидазол сулфонска киселина, глицерин, микрокристална целулоза, целулозна гума, екстракт од корен од глицириза инфлата, глициретинска киселина, ксантан гума, Ц18-38 алкил хидроксистеароил стеарат, копернициа церифера цера, хидро- генизирано масло од репка, цетил палмитат, натриум стеарои глутамат, натриум хидроксид, натриум хлорид, етилхексилглицерин, каприлил гликол, хидроксиацетофенон, тринатриум ЕДТА.
* Формула без микропластика, според препораките на УНЕП
Употреба: За надворешна употреба. Протресете добро пред употреба. Не прскајте директно на лицето-избегнувајте вдишување на содржината. Нанесете обилно на кожата пред изложување на сонце и редовно нанесувајте повторно, особено после пливање, потење или бришење со крпа, за да го задржите нивото на заштита.
Мерки на претпазливост: Нанесување на помала количина од препорачаната, значајно го намалува нивото на заштита од сонце. Не останувајте премногу долго на сонце, дури и при користење на средство за заштита од сонце. Прекумерното изложување на сонце е сериозна закана по здравјето. Не ги изложувајте бебињата и малите деца на силна сончева светлина. Носете заштитна облека и нанесувајте доволно од средството за заштита од сонце на незаштитените места. Избегнувајте контакт со очите. Оставете го целосно да се апсорбира и избегнувајте директен контакт со текстилни и тврди површини, за да избегнете појава на дамки.