EUROMED Self Clear Тест за бременост

EUROMED Self Clear Тест за бременост
209,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
015444C
favorite_border

Опис на производот

НАЈБРЗ РЕЗУЛТАТ ЗА САМО 8 ДЕНА ПО ПОЛОВ КОНТАКТ!

Тестот Self Clear е брза и во еден чекор изведена имуно-анализа со која се открива присуството на hCG (Human Chorionic Gonadotropin) во урина, а со ова постоење на бременост. Тестот користи комбинација на антитела, вклучувајќи и антитело на моноклонален hCG, за селективно откривање на покачено ниво на hCG.

Во првите денови на бременоста концентрацијата на хормонот hCG во организмот е многу ниска, а постепено се зголемува во текот на бременоста. Отприлика 5-тиот ден од зачнувањето, концентрацијата на хормонот hCG е 10mlU/ml. Self Clear е единствен тест за бременост во светски размери кој го мери хормонот hCG од 10mlU/ml, додека сите други останати тестови го откриваат hCG хормонот кога неговото ниво достигнува концентрација од 25mlU/ml, значи треба да поминат уште 10-15 дена приближно за да се зголеми количината на хормонот hCG во организмот до концентрација од 25mlU/ml.

Self Clear тестот може да се направи 5-тиот ден по зачнувањето (или 8-миот ден од половиот контакт) и е наменет за сите жени независно дали имаат или не стабилен (редовен) циклус.

Пакување: 1 тест

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се