GALENIKA Гингивал гел 15 г

Опис на производот
Дејството на Гингивал гел се базира на познатиот ефект на растителните материи со биоактивно дејство кои се во неговиот состав:
- Течниот екстракт од цветот на камилица (Chamomillae flos) има противвоспалително дејство.
- Тинктурата од ризомот на горун (Tormentillae rhyzoma) има адстрингентно дејство.
- Маслото од листот на питомо нане (Menthae piperitae folium) има антивоспалително дејство, локално благо ладејќи.
Гингивал гелот се препорачува како помошно средство за одржување и поддржување на резултатот кој го постигнал стоматологот, спроведувајќи стандардна терапија кај пациенти со изразени знаци на воспаление на непцата, настанати заради гингивит, парадентопатија, наслаги на забен каменец и други причинители.
- Погоден е и за примена после други стоматолошки интервенции, затоа што го поддржува здравјето на непцата.
- После и во тек на предавањето на мобилните забни надоградби - тотални и парцијални протези.
- После предавањето на фиксните протетско забни надоградби - крунички и мостови.
- После брусење на забите за фиксни протетски надоградби.
- Гингивал гелот има секундарно превентивно дејство.
Пакување: 15 г
Содржина
Состав: 1 г гел содржи: течен екстракт од камилица 90 мг, тинктура од горун 30 мг, етерно масло од питомо нане 6 мг.
Употреба: пред секое нанесување на Гингивал гелот, забите треба добро да се измијат со четка и паста за заби. Истиснете околу 0.5 цм гел на јагодицата од прстот и со благи кружни движења нанесете на и околу непцата од надворешната страна, лесно масирајќи ги. Истото повторете го и од внатрешната страна на непцата.
По нанесувањето на гелот, еден час не земајте храна и течности за гелот да го оствари дејството.
Гингивал гелот се користи два до три пати дневно, најкратко 7 дена.