GALENIKA VITUP Беби Д3+K1, 30 twist off капсули

GALENIKA VITUP Беби Д3+K1, 30 twist off капсули
236,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053094C
favorite_border

Опис на производот

VITUP D3+K1 Baby содржи комбинација на витамин К1 и витамин Д3 во оптимална доза за употреба кај деца од 8-миот ден на живот до навршување на 3 месеци за превенција на состојби предизвикани од недостаток на овие витамини кај новороденчиња.

Витаминот К и витаминот Д имаат значајна улога во здравиот развој на новороденчињата и децата, па се и потенцијално сериозни последици по здравјето на децата во случај на негов недостаток.

Витаминот К1 уште се нарекува и витамин на коагулација на крв. Витаминот К1 е липосолубилен витамин кој има многу важна улога во коагулацијата на крвта. Витаминот К1 го синтетизираат добрите бактерии во цревата. Бактериите од видот Bacteroides се најчести бактерии кои конолизираат во цревата, а Bacteroides fragilis е една од најзначајните бактерии која го синтетизира Витаминот К1.

Витаминот К1 има улога во синтеза на протромбинот, основниот фактор на коагулација, факторите на коагулација II, VII, IX и X и други Gla протеини (на пример Протеин Ц, Протеин С, протеин З). Мајчиното млеко содржи исклучително ниски концентрации на витамин К1 (1-5 мкг/Л), за разлика од почетните формули за доенчиња со кои бебето внесува 50-60 мкг на витамин К1. Поради исклучително ниските концентрации на витаминот К1 во мајчиното млеко, доенчињата на природна исхрана се под посебен ризик за развој на дефициенција на витаминот К1. Поради недостаток на витамин К1 доаѓа до дефицит на витамин К-зависни фактори на коагулација (II, VII, IX, X), сериозни крварења и заболување кое се вика хеморагиска болест на новороденчето. По раѓањето новороденчињата примаат одредена доволна количина на витамин К1, поради непотполно развиен дигестивен систем. Мајчиното млеко не содржи доволна количина на витамин К1, затоа доенчињата кои се на исхрана со мајчино млеко, покрај еднократната примена на доза во породилиштето, се препорачува надокнадување на витамин К1 во дневна доза од 25 мкг почнувајќи од 8-миот ден па до крај на третиот месец по раѓањето.

Витамин Д е битен за нормален раст и развој на коските и забите. Припаѓа на групата липосолубилни витамини. Се синтетизира по природен пат во кожата, каде под влијание на сончевите зраци од неактивен провитамин Д преминува во активен витамин Д3. Заедно со паратироидниот хормон допринесува за нормална апсорпција и го подобрува искористувањето на калциумот и фосфорот од дигестивниот тракт, па има улога во нормална минерализација на коските.

Витаминот Д3 учествува во процесот на клеточна делба, како и синтеза на протеини и контракција на мускули, па допринесува за нормално функционирање на мускулите. Поради недостаток на витамин Д3 може да дојде до деминерализација на коските и заболување кое се нарекува рахитис. Рахитисот опфаќа група заболувања кај кои постои нарушување на минерализацијата (вградување на калциум и фосфор) во рскавицата и коските кои растат. Како последица се јавува отекување на рскавичното и коскеното ткиво што создава карактеристични задебелувања на типичните места. Коските стануваат меки и доаѓа до развој на кревки и кршливи коски.

Превенција: кај сите новороденчиња се препишува примена на витамин Д3 во дневна доза од 400 ИЕ (10 мкг) од втората недела по раѓањето до првата година. Од првата година на живот до крајот на пубертетот се препорачува примена во зимските месеци. Суплементација на витамин К1 се препорачува кај предвремено родени бебиња и доенчиња, бидејќи мајчиното млеко не ги задоволува потребите од овој витамин кај бебињата.

VITUP D3+K1 Baby обезбедува препорачана дневна доза на витамин К1 (25 мкг) неопходен за нормален процес на коагулација на крв и витамин Д3 (400 ИЕ) неопходен за здрав развој на новороденчиња и доенчиња и на тој начин помага во нормалниот раст и развој на коските и забите.

Пакување: 30 twist-off капсули

Содржина

Состав: една капсула содржи:

   
Витамин Д3 10 мкг
Витамин К1 10 мкг

Состојки: маслиново масло, капсула-желатин, згуснувач: глицерол, вода, антиоксиданс: екстракт богат со токофероли, филохинон, холекалциферол.

Употреба: 1 twist-off капсула дневно, од 8-миот ден до навршување на третиот месец.

Горниот дел од капсулата свртете го, повлечете и отстранете. притиснете ја капсулата и содржината од капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка или помешајте ја со млеко.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се