GUAM Антицелулитен и дренажен производ со нано сфери за регија нозе, колкови и задник, 200 мл
Опис на производот
Има силен антицелулитен ефект, со голем интензитет прави редукција на масната клетка и спречува создавање на нов целулит и масни клетки на регија нозе, колкови и задник. Содржи Guam алги, липоактивни наносфери и дренажен фитоекстракт. Со помош на липоактивни наносфери оваа формулација овозможува намалување на отоци, поттикнување на микроциркулација и ремоделирање на нозете.
- Третира вишок вода
- Третира цврст (фиброзен) целулит
- Тонира
- Безбеден за лица со проблематични вени и капилари
- Не се препорачува во период на бременост и лактација
Пакување: 200 мл
Содржина
Употреба: нанесете на зафатените места со блага масажа додека целосно не се апсорбира во кожата.
По апликацијата ќе почувствувате свежина која потоа ќе постигне благо загревање. Делувањето на производот може да се чувствува и неколку часа по апликацијата.
Нормална е појава на црвенило и благо затоплување.