HARTMANN Grassolind Парафинска газа, 10 x 10 цм, 10 парчиња

Опис на производот
Hartmann Grassolind Neutral Парафинска газа прелиена со немедицинска маст, со отворено ткаење, пропустлива за воздух и секрет, со импрегнирана неутрална маст. Дебелиот слој на маст не се измива дури и во случаи на висока секреција, газите може да се сечат во потребна големина и истите се ефективни при долготрајна употреба без да предизвикаат чувствителност и алергија.
Пакување: 10 парафински гази со димензија 10х10 цм.
Содржина
Состав: Маста содржи диглицеролни естри на масни киселини од карбонат и дикарбонат, синтетички восок.
Употреба: За еднократна употреба.
За општ третман на рани, особено за одржување на површините и рабовите на раната, меки и еластични, за екстензивни рани на кожата или рани од абразија на кожата, во случај на изгореници, како и за употреба во пластична и естетска хирургија, при екстракција на нокти, фимозиектомија, за покривање на местото на донаторот при трансплантација на кожа и за фиксирање на графтови со поделена кожа. Погодна е и во дерматологијата особено индицирана при третман на пациенти со чувствителна кожа или оние чувствителни на одредени лекови.