HEMOFARM Вагилакт, 6 вагиналети

HEMOFARM Вагилакт, 6 вагиналети
412,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
049818C
favorite_border

Опис на производот

Таблетите Vаgilact® NTC содржат млечнокиселински бактерии (Lactobacillus acidophilus), млечна киселина и изофлавони од соја.

Кога ќе се раствори во вагината, оваа специфична композиција за неколку минути ослободува млечнокиселински бактерии и млечна киселина која допринесува за намалување на вагиналните pH вредности до 4 или 4,5 и го блокира населувањето и растот на патогената микрофлора. Изофлавоните од соја кои се исто така присутни во таблетата, дејствуваат на зголемување на концентрацијата на млечна киселина во вагиналната слузница, допринесуваат за намалување на pH и воспоставување на добра состојба и еластичност на вагиналниот ѕид.

Рамнотежата на микрофлората на уро-вагиналниот систем може привремено да се промени од одредени хормонски фактори како што се менструација, бременост, менопауза, неадекватна хигиена или после често користење на интравагинални тампони, контрацептивни средства или користење на антибиотици.

Во такви услови, се овозможува раст на патогени агенси (Streptococcus, микоплазми), изменет е составот на микрофлората на уро-вагиналниот систем, намален е бројот на млечнокиселинските бактерии и како резултат на тоа се развива бактериска вагиноза. Најчести симптоми кои се јавуваат кај бактериските инфекции се печење, чешање и зголемена количина на вагинален секрет (леукореа).

Пакување: 6 вагиналети.

Содржина

Безбедност и претпазливост при користење:

Чувајте го медицинското средство на места недостапни за деца.

Не е за перорална употреба.

Немојте да го користите производот доколку пакувањето е оштетено или отворано или во случај кога таблетата се рони. Ваков изглед на таблетата се јавува како последица на непрописно чување на производот што доведува до забрзано деградирање.

Таблетата може да има нежно означени делови што е резултат на природното потекло на компонентата.

Пред употреба, проверете го рокот на употреба кој е отпечатен на кутијата: не користете го производот по истекот на датумот кој е означен.

Употреба:

Се препорачува една вагинална таблета, пожелно е навечер, пред спиење, во текот на првите 10 дена од употребата.

Со примена треба да се почне 10 дена пред менструација и/или веднаш по завршување на менструацијата.

Во случај на потреба, примената може да се продолжи максимум до 20 дена. Немојте да ја продолжувате употребата повеќе од 20 дена, пред да се советувате со својот гинеколог.

Предупредување:

Немојте да го употребувате производот паралелно со други медицински препарати или лекови за вагинална употреба пред да се посоветувате со својот гинеколог.

При  употреба на таблетите Vagilact® NTC  не се забележани локални иритации, но во случај на пречувствителност, треба веднаш да се посоветувате со својот лекар. Повремено, особено во текот на првите денови од употребата, може да се јави чешање кое постепно исчезнува во наредните 2 до 3 дена од употребата.

Исправност и услови на чување: Не го употребувајте производот по истекот на рокот означен на пакувањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се