IBUTOP Акут 400 мг, 10 капсули

dolorgiet ibutop acute 400mg akut
IBUTOP Акут 400 мг, 10 капсули
180,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
053999C
favorite_border

Опис на производот

Ибутоп Акут е против воспалителен лек и лек кој ослободува од болка (не-стероиден анти-инфламаторен/антиревматски лек).

Ибутоп Акут се употребува:

  • при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
  • при грозница (покачена телесна температура)
  • за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт, хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис), анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на 'рбетот, иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и 'рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
  • воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
  • болни отоци и воспаление по повреда или операција.

За возрасни и деца од 15 годишна возраст.

Пакување: 10 капсули

Содржина

Состав: секоја мека капсула содржи 400 мг ибупрофен.

Употреба:

  • За ублажување на болка и намалување на грозница:

Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачана единечна доза за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 200 до 400 мг ибупрофен. Вкупната дневна доза не треба да надминува 1200 мг ибупрофен и треба да биде поделена во 2-4 единечни дози распоредени во текот на денот.

Кога сте ја употребиле максималната единечна доза, почекајте најмалку 6 часа пред да ја употребите следната доза.

  • За третман на ревматски заболувања:

Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачаниот опсег на дозата за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 1200 до 2400 мг ибупрофен на ден. Максимална единечна доза за возрасни не треба да надминува 800 мг ибупрофен.

  • Нaчин на употреба и времетраење на третманот:

Проголтајте ја Ибутоп Акут цела со многу течност и не ја земајте на празен желудник. Ако имате чувствителен желудник, се препорачува да земате Ибутоп Акут за време на оброци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се