JM SOLUTION Heartleaf 88 Серум за омекнување на кожата, 30 мл

JM Solution Heartleaf 88 Soothing Serum 30 ml serum za omeknuvanje na kozhata
JM SOLUTION Heartleaf 88 Серум за омекнување на кожата, 30 мл
619,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
057213C
favorite_border

Опис на производот

JM Solution Heartleaf 88 Soothing Serum Серум за омекнување на кожата.

  • Ампула за лице, која што е формулирана со 88% екстракт од Houttuynia Cordata кој помага за смирување на чуствителната кожа и заштита од надворешни иритации
  • Интензивно навлажнувачка, оваа хидратантна ампула има водена текстура која брзо се апсорбира без чуство на лепливост

Клучни состојки:

  • Houttuynia Cordata - Обезбедува исклучителна хидратација и има смирувачки ефекти. Оваа формулација обезбедува троен хербален смирувачки ефект
  • Sodium Hyaluronate - Натриум хијалуронат (хијалуронска киселина) - Одлична хидратантна состојка со висок капацитет за хидратација. Помага во одржување на влажноста и формирање на заштитна бариера
  • Niosome Panthenol (Vitamin B5) - Ситно фрагментиран Пантенол во нано големина со двослојна структура. Помага во одржување на влажноста и зголемување на хидратацијата на кожата

Тип на кожа: чуствителна, проблематична кожа и кожа склона кон акни.

Пакување: 30 мл.

Rutina Botton za korejska kozmetika od Zegin

JMsolution комбинира корејска традиција и современа технологија за кожа која ќе зрачи.

Брендот JM Solution е лансиран во 2016 година од група експерти за естетика, дерматологија и естетска хирургија. Од своето основање, брендот се посветува на нудење комплетна рутина за нега на кожата, обезбедувајќи решенија кои ја прават кожата совршена, еластична и витална.

JM Solution размислува подлабоко од едно општо решение за сите – брендот нуди различни приспособени решенија според состојбата на кожата и специфичните проблеми, засновани на јасна дијагноза и индивидуален одговор за основните потреби на кожата. За решавање на стотици илјади проблеми со кожата, брендот постојано открива скапоцени состојки од целиот свет, комбинирајќи ги со напредна технологија за максимална ефективност.

Секој производ од JM Solution е создаден со внимателно избрани, ефективни состојки и иновативна технологија, за да обезбеди видливи резултати и здрава, сјајна и хидрирана кожа. Како водечки бренд во Корејската козметика (K-Beauty / К-Бјути), JM Solution е доверлив избор за сите кои сакаат професионална и научно поткрепена нега на кожата.

Содржина

Состојки: вода од лист на Houttuynia cordata (88%), бутилен гликол, 1.2-хексанедиол, метилпропанедиол, глицерин, вода, пантенол, пропанедиол, хидроксиацетофенон, карбомер, аргинин, трехалоза, хидроксиетилцелулоза, етилхексилглицерин, динатриум ЕДТА, натриум полиакрилат, натриум хијалуронат, екстракт од какао, декстрин, дипропилен гликол, екстракт од Sedum sarmentosum, хидрогенизиран лецитин, сорбитан оливат, цетеарил оливат, екстракт од Anastatica hierochuntica, екстракт од азиска центела.

Употреба: Нанесете соодветна количина на целото лице, по чистењето наутро и навечер, и нежно тапкајте за да се апсорбира целосно. Да се користи 1-2 во текот на денот.

Мерки на претпазливост: При употреба или по употреба на овој производ, ако се јават абнормални симптоми или несакани ефекти како црвенило, оток или чешање поради директна сончева светлина, консултирајте се со специјалист или здравствен работник. Да не се употребува на оштетена или иритирана кожа. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина. 

После првото отварање да се користи до 12 месеци. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се