LABOMAR Силаут вагинален крем, 30 мл

Labomar Silaut Vaginal Cream vaginalen krem
LABOMAR Силаут вагинален крем, 30 мл
920,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
052404C
favorite_border

Опис на производот

Labomar Silaut вагинален крем

  • Медицинско средство наменето за лекување на микролезии предизвикани од Human Papilloma Virus (HPV) или од сувост на вагиналната слузница
  • Заштитна крема која благодарејќи на своите својства и формирањето на заштитна бариера, го помага лекувањето на интраепителните лезии предизвикани од (HPV – Human Papilloma Virus), со што го подобрува процесот на нивно зараснување

Медицинското средство се употребува за: 

  • Контрола на зоните со цервико-вагинални лезии
  • При лекување на воспалителни и дистрофични промени, и интраепителни лезии (SIL – Сквамозни интраепителни лезии): го подпомага процесот на реепителизација. Помага во отстранување на “мртвите клетки”, ги одржува чисти присутните лезии, и на тој начин ја овозможува повторната епителизација
  • За одржување на нормални физиолошки услови после третман со дијатермокоагулација или колпоскопија
  • За лекување на сувост на вагиналната лигавица и вулвата
  • За повторно воспоставување на нормални физиолошки услови после третман на кондиломи на вулвата
  • При лекување на лезии кои предизвикуваат печење и/или чешање: формира заштитен филм кој за кратко време ја намалува болката, создавајќи услови за побрзо зараснување

Пакување: Туба од 30 мл, со 6 канили за еднократна употреба, за вагинално нанесување.

Содржина

Состав: Docosanol, Kurkumin, Embilica Officinalis, Aloe Vera Gel, Polidokanol, Gliceril Laurat, масни киселини C12-20 (8) OE, Imidazolidinil Urea, Natrium Dihloracetat, CM Betaglukan, Dinatrium EDTA, млечна киселина, вода, вазелинско масло, Metil-etil-propil-butil Parahidroksibenzoat. 

Дозирање и начин на употреба: 1 вагинално нанесување (со канила) 6 дена по ред или спрема мислење на Вашиот лекар. После третман на кондиломи на вулвата: 2 нанесувања (без канила) дневно, 6 дена по ред или спрема мислење на Вашиот лекар. Во случаи на печење или чешање: 1 вагинално нанесување (со канила) или на вулвата (без канила) дневно или спрема мислење на Вашиот лекар.

Во случај на сквамозни интраепителни лезии (SIL) педизвикани од HPV вирус:

  • Прва недела: 1 вагинална аппликација (со канила) во текот на 6 дена
  • Следните недели: 1 вагинална апликација (со канила) 2 пати неделно во тек на 3-6 месеци или спрема мислење на Вашиот лекар

Начин на употреба со помош на канила:

  1. Да се пробуши тубата со помош на перфораторот на капачето
  2. Да се прицврсти вагиналниот апликатор
  3. Да се стиска тубата додека апликаторот не се наполни до крај
  4. Да се отстрани апликаторот од тубата, да се внесе во вагината и да се стисне клипот до крај
  5. Отстранете ги апликаторот и клипот. Канилите се за еднократна употреба, и по употребата треба да се фрлат

Предупредување: апликаторот (канилата) е за еднократна употреба. По употреба канилата треба да се фрли. Природните состојки кои се во состав на медицинското средство содржат боја и поради тоа треба да се внимава за време или по апликацијата да не се исфарба облеката. Да не се употребува во случај на алергија кон некоја од состојките. Да не се употребува по истек на рокот за употреба. Да не се употребува производот ако тубата е оштетена. Рокот на траење се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Да не се голта. Да се чува надвор од дофат на деца. Измијте ги рацете пред и по употреба. Не го употребувајте во случај на потврдена преосетливост кон некоја од состојките. За локална употреба. Да се чува заштитено од светлина на ладно и суво место. Жените во период на бременост како и оние кои ја планираат својата бременост треба да се консултираат со својот лекар пред употреба на медицинското средство. Во случај на појава на пецкање или упорно чешање, консултирајте се со Вашиот лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се