МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 1.000 денари

ЛИНЕКС КОМПЛЕКС

Linex Complex

LINEX COMPLEX / ЛИНЕКС КОМПЛЕКС  капсули ¹                                                         

Линекс Комплекс содржи:

Пробиотик: Lactobacillus rhamnosus GG.

Витамини: B1 (тиамин), B2 (рибофлавин), B6 (пиридоксин)

Минерал: Цинк

Млечно – киселински бактерии / Lactobacillus rhamnosus GG

Лактобацилите (млечно-киселински бактерии) покрај другите бактерии од цревната микрофлора, се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат структурата на интестиналните клетки и нивните врски, ја одржуваат здравата киселинско - базна рамнотежа која е потребна за нормално функционирање на дигестивните ензими, го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии, влијаат на цревната подвижност  (перисталтика) и го стимулираат имунолошкиот систем.

Здравата рамнотежа на цревната микрофлора може да биде нарушена од голем број на фактори, како што се:

  • вирусни и бактериски цревни инфекции (на пример: ротавирус инфекции при патување),
  • лекување со антибиотици,
  • несоодветна или неизбалансирана исхрана,
  • стрес,
  • нарушен биоритам.

Нарушувањето на рамнотежата на цревната микрофлора (дисбиоза/дисбактериоза) се манифестира со гастроинтестинални нарушувања како стомачни грчеви, надуеност, дијареја, ослабен имунолошки систем или кожни алергии како атопичен дерматит.

  • Употребата на  Lactobacillus rhamnosus GG кој го има во Линекс Комплекс е од корист за воспоставување и одржување на физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора. Големиот број на научни публикации и клинички студии за Lactobacillus rhamnosus GG укажуваат на тоа дека овој пробиотски сој може да има корисни ефекти за гастроинтестиналната и имунолошката функција, а докажано е дека истиот е безбеден и добро толериран. Поради ова, сојот Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува од страна на многу експерти.

Витамини B1, B2, B6 и минерал цинк

Витамините и минералите се важни за нашата добросостојба и функционирањето на нашето тело. Количеството на витамини и минерали во нашето тело се намалува доколку имаме сиромашна диета, доколу телото има зголемени потреби или доколку има нивен голем губиток.

Дехидратацијата и недостатокот на содржаните (или некои други) витамини и минерали предизвикува, покрај другите симптоми, и замор и истоштеност, недостаток на енергија и слабеење на имунолошкиот систем.

Горенаведените витамини и минерали придонесуваат за:

  • одржување на нормални мукозни мембрани (B2),
  • нормален метаболизам на макронутриенти, јаглехидрати, масни киселини и ацидо-базен метаболизам (Zn),
  • нормална синтеза на протеини (Zn),
  • нормално ослободување на енергија во процесот на метаболизам (B1, B2, B6),
  • намалување на замор и истоштеност (B2, B6),
  • нормални психолошки функции (B1, B6),
  • нормална функција на имунолошкиот систем (B6, Zn),
  • заштита на содржината на клетките од оксидативно оштетување (B2, Zn).

Како да го употребувате Линeкс Комплекс

Линекс Комплекс  е наменет за возрасни и деца над 6 години: препорачаната дневна доза изнесува 1-2 капсули на ден.

Препорачаната дневна доза не треба да се надминува.

Времетраењето на употреба не е ограничено. Во случај кога состојбата поради која се зема Линекс Комплекс не се подобри или се влоши, побарајте совет од лекар.

Линекс Комплекс не е замена за рехидратациона терапија. Во случај на дехидратација, се препорачува внес на доволно количество на течности по можност во форма на орален рехидратационен раствор.

За да се спречи уништување на бактериите, прашокот од капсулата не треба да се меша со топли напитоци.