MNJAM-MNJAM Витаминско лижавче од малина

MNJAM-MNJAM Витаминско лижавче од малина
19,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
044665C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Лижавче со вкус на малина со витамин Ц и витамин Д: за заби, коски и имунитет

  • Лижавчињата се збогатени со витамин Д и витамин Ц кои придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
  • Витамин Д придонесува во одржување на нормални коски и заби и придонесува за нормална функција на мускулите. Исто така има улога во процесот на клеточна делба
  • Витамин Ц придонесува за нормално создавање на колаген, потребен за нормална функција на коските, ‘рскавицата, кожата и забите

Пакување: 1 лижавче

Содржина

Лижавчињата Mniam-Mniam со вкус на малина содржат засладувачи: ксилитол  (растителна состојка, која се добива од бреза) и стевиол гликозиди (се добиваат од стевиа, растение кое потекнува од Јужна Америка и кое има многу низок гликемичен индекс, 300 пати е послатка од шеќерот). Консумација на храна која содржи ксилитол наместо шеќер придонесува за нормална минерализација на забите.

  • Само 14 kcal
  • Ксилитол и стевиол гликозиди
  • Растителни состојки
  • Без шеќер
  • Сушени малини
  • Природна арома и боја
  • Без конзерванси
  • Без глутен

Состојки: засладувачи: ксилитол, стевиол гликозиди; средство за зголемување на волуменот: изомалт; сушени малини (2.2%); регулатор на киселина: лимонска киселина; средство против стврднување: магнезиумови соли на масни киселини, арапска гума; природна арома на малина; Л аскорбинска киселина (витамин Ц); холекалциферол (витамин Д); боја: антиоцијанин.

Употреба: Кај возрасни и деца над 3 годишна возраст. Препорачана дневна употреба, за постигнување на корисен ефект на производот: 1-2 лижавчиња на ден. Да не се надминува препорачаната дневна доза односно 2 лижавчиња на ден.

Предупредување: Додатоците на исхрана не смеат да се користат како замена за балансирана исхрана.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се