NASALEZE Allergy Blocker Назален спреј во облик на прашок, 800 мг

Опис на производот
Nasaleze Allergy Blocker е назален спреј во облик на прашок. Во носот се претвора во гел кој создава бариера која што нѐ штити и заштитува од алергии кои се пренесуваат преку воздух
- Спрејот е превентивен третман во борбата против поленска треска и алергии
- Ја штити носната мембрана од алергените во воздухот, каде што и започнува алергискиот одговор
- Со заштита на носната мембрана од алергените во воздухот, се избегнува дегранулизација на мастоцитите и последователно ослободување на IGE и хистамин - што пак ги спречува непријатните вообичаени симптоми на поленска треска и алергии
- Треба да се употреби пред да се дојде во контакт со алергени и да се спречи тие да дојдат во контакт со слузницата на носот и да започне алергискиот одговор
- Клинички е докажано дека делува ефикасно кај пациенти со благи до умерени симптоми на алергиски ринит
- За разлика од лековите кои помагаат во ублажување на симптомите на алергија, спрејот делува превентивно за да ја запре алергиската реакција пред да започнат симптомите
- Може да се употребува заедно со други лекови, како дел од стратегијата за комбинирана терапија во борбата против поленската треска и алергиите
- Можат да го употребуваат возрасни, спортисти, бремени жени и доилки како и деца над 18 месеци
- Не содржи лекови и медикаменти
- Има добар сигурносен профил
- Не предизвикува поспаност
- Погоден за вегани
- Третманот со Nasaleze Allergy Blocker е докажан во над 35 клинички студии на повеќе од 1000 пациенти, објавени во водечки стручни списанија
- Докажано е дека спрејот силно е отпорен на дифузија на полен до 6 часа по апликацијата
- Добитник е на награди, препишуван од здравствени работници ширум светот и е формално вклучен во Националните упатства за третман на алергија
Пакување: 800 мг прашок.
Содржина
Состав: HPMC (hydroxypropylmethylcellulose) 98.5%, Mentha piperita во прав 1.5%.
Употреба: за заштита од поленска треска и алергии, Nasaleze Allergy Blocker треба да се применува 2 до 3 пати на ден за да се одржи ефикасна бариера. Бројот на поленските честички, изложеноста на алергените и сериозноста на алергиите на пациентите имаат влијание врз тоа колку често треба да се употребува Nasaleze Allergy Blocker.
- Чекор 1 - Издувајте го носот
- Чекор 2 - Отстранете го капачето и протресете го шишенцето
- Чекор 3 - Пробајте колкав притисок е потребен за да нанесете идеална доза што е отприлика 10-15 цм облаче од прав. Ако Ви изгледа тешко да го стиснете шишенцето, тогаш употребете ги двете раце (кога ќе се навикнете да го употребувате производот, нема да имете потреба од проба)
- Чекор 4 - Наместете ја млазницата од шишенцето внатре во носоти нанесете 1 до 2 пати во секоја ноздрва. Вдишете нежно додека стискате но не многу длабоко
- Чекор 5 - Нанесете повторно од спрејот секогаш кога ќе го издувате носот
Ако веќе започнал алергиски одговор пред да го земете Nasaleze Allergy Blocker, оставете малку време (околу 30 минути) за моменталните симптоми да се смират, издувајте го носот и потоа нанесете го Nasaleze Allergy Blocker. Доколку е потребна истовремена употреба на друг спреј за нос, Nasaleze Allergy Blocker треба да се примени потоа за да не се наруши создадената бариера.
Да не се употребува повеќе од 30 дена во континуитет.
Предупредување: да не се употребува кај деца под 18 месеци. Не го употребувајте доколку сте алергични на целулоза или мента. Одбегнувајте контакт со очите. Одбегнувајте контакт со отворени рани. Доколку прашокот навлезе во очите, исплакнете ги со вода. За да се избегне контаминирање производот да не го употребува повеќе од едно лице. За време на употребата може да почуствувате благи сензации на пецкање и чешкање во носот, ова се минливи сензации и ќе исчезнат кога ќе се навикнете да го употребувате. Може да почувствувате и блага форма на иритација ако носната слузница е инфламирана или изиритирана. Некои лица можат да почувствуваат и блага сензација на затнат нос, но ова е сосема нормално поради бариерата создадена од Nasaleze Allergy Blocker. Во случај на посилна сензација на затнат нос, можно е производот да го употребувате повеќе од препорачаното. Доколку почувствувате посериозен дискомфорт по употребата на Nasaleze Allergy Blocker консултирајте се со Вашиот лекар.
Начин на чување: не го измиваје шишенцето со вода или други течности зошто можат да го затнат шишенцето. Не го употребувајте доколку заштитната обвивка е оштетена. Секогаш затворајте го капачето. Чувајте го на собна температура, или помеѓу 5 и 30°С. Отворениот производ може да се употребува 6 месеци. Да не сe лади или замрзнува.
Чувајте го подалеку од дофат на мали деца.