NATURES AID Продефенд, 30 капсули
Опис на производот
Pro-DEFEND е граничен производ, имуностимулатор. Обезбедува заштита на имунолошкиот систем и придоенсува за одржување на нормалниот енергетски метаболизам во текот на целата година.
- Pro-DEFEND е комбинација на 3 темелно испитани соеви бактерии L. Plantarum, L. Acidophilus и B. Animalis subsp. Lactis кои обезбедуваат 10 милијарди живи бактерии на капсула
- Цинк, бакар, витамини Д3, Б12 и фолна киселина кои придонесуваат за нормална функција на имуниот систем
- Витамин Б12 и фолна киселина придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста
- Бакар и витамин Б12 придонесуваат за обезбедување на енергија потребна за нормален метаболизам
За возрасни и деца над 10 годишна возраст.
Пакување: 30 капсули.
Производител: Natures Aid Ltd, Preston PR4 2DQ, Велика Британија.
Содржина
Состав:
Една (1) капсула содржи:
%ПДВ* | ||
Цинк (во форма на цинк пиколинат) | 5 мг | 50 |
Бакар (во форма на бакар глуконат) | 500 мкг | 50 |
Витамин Д3 | 5 мкг | 100 |
Фолна киселина | 200 мкг | 100 |
Витамин Б12 | 50 мкг | 2000 |
Бактериски култури - обезбедува 10 милијарди (10x109) Lactobacillus plantarum DSM24937 Lactobacillus acidophilus DSM24936 B.animalis subsp. Lactis DSM25566 |
39 мг
|
*просечно дневно внесување
Помошни состојки: микрокристална целулоза, растителна обвивка на капсулата (целулоза), малтодекстрин, колоиден силикон диоксид, магнезиум стеарат од растително потекло.
Не содржи вештачки бои и мириси, конзерванси, лактоза, соја, квасец, млеко и глутен.
Соодветно за вегани и вегетаријанци.
Употреба:
Почетна доза: Земете по 1 капсула два пати на ден во тек на 2 седмици (вкупно 2 капсули на ден).
Доза на одржување: Земете една (1) капсула на ден.
Деца над 10 години: Земете една (1) капсула на ден.
Капсулите се земаат во тек на оброк со доволно течност
Мерки на претпазливост: Производот да се чува на ладно и суво место, не треба да се чува во фрижидер. Капсулите се отпорни на дејството на жолчниот и желудочниот сок. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект. Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаеното дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надокнадите пропуштената. Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате за забремените. Ако земате други лекови консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Да се чува на температура под 25ºС, во оригиналното пакување, на суво место. Да се чува надвор од поглед и дофат на деца.