NOVALAC Allernova AR Млеко (0-36 м), 400 г

NOVALAC Allernova AR Млеко (0-36 м), 400 г
1.297,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052641C
favorite_border

Опис на производот

Novalac Allernova AR е храна за посебна медицинска намена. Наменета е за доенчиња и мали деца кои се преосетливи на протеини од кравјо млеко, со или без регургитација.

Novalac Allernova AR може да се употребува како единствена храна до 6 месеци. После 6 месеци млечната формула Novalac Allernova AR се употребува како дел од разновидната исхрана. Novalac Allernova AR е згусната храна, производ на хидролизирано кравјо млеко (казеин).

  • Не содржи глутен и лактоза
  • Novalac Allernova AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата

Лекување на пречувствителност на протеини на кравјото млеко вклучува целосно отфрлање на млечни белковини од храната на доенчињата, а за да се намали враќањето на храната (бљуцкање) се користи густа млечна формула. Вистинско решение за доенчињата со алергија на протеини на кравјото млеко е воведување на храна за посебни медицински потреби Novalac Allernova AR.

Novalac Allernova AR содржи хранливи состојки кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза. Novalac Allernova AR (екстензивен хидролизат на казеинот) со додадаток на пченкарен скроб е единствена млечна формула на пазарот која може да реши два проблема одеднаш: ги олеснува симптомите на алергија на протеини на кравјо млеко и го намалува бљуцкањето.

Novalac Allernova AR ги содржи сите хранливи состојки, кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза.

Novalac Allernovа AR може да го употребувате само под здравствен надзор. Не го користете како храна на здрави доенчиња. Novalac Allernova AR е контраиндициран кај галактоземија и/или малапсорпција на глукоза и галактоза.

Составот на специјалните млечни формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

За кого е наменета Novalac Allernova?

  • Доенчиња и мали деца кои веќе имаат алергија на протеини на кравјо млеко

  • Доенчиња и мали деца кои освен алергија имаат проблем и со бљуцкање

  • Доенчиња од раѓање до 36 месеци

Пакување: 400 г

Содржина

Употреба

Вообичаено дозирање на специјалната формула Novalac Allernova AR:

Возраст (месеци)

0-1

1-2

2-4

4-6

6-12

12-36

Број на оброци/ден

6

5

5

4

3*

2*-3*

Број на мерици за подготвување на еден оброк

3

4

5

7

7

8

Количина на вода (мл)

90

120

150

210

210

240

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,5 г млечна формула Novalac Alleronva AR.
Една доза растворете во 30 мл вода.

*како дел од разновидната исхрана

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

  1. Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.

  2. Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.

  3. Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.

  4. Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.

  5. Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.

  6. Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37°C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.

Предупредување:

Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се