NOVALAC AR Млечна формула (0-36 м) 400 г

NOVALAC AR Млечна формула (0-36 м) 400 г
773,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
052640C
favorite_border

Опис на производот

Почетната млечна формула Novalac AR е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.

Novalac AR млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 12 месеци, доколку мајките не ги дојат. Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната храна.

Novalac AR е единствена млечна формула која содржи пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната во желудникот, со што се намалува враќањето на храната кај доенчиња. Поради киселата желудочна pH, млечната формула Novalac AR се згуснува дури во желудникот, а не во шише, што овозможува непречено хранење на доенчето кога е приготвена млечната формула.

Иако храната се згуснува во желудникот не се успорува варењето, бидејќи пченкарниот скроб содржи 99% лесно сварлив амилопектин. Со употреба на млечната формула Novalac AR се намалува враќањето на храната и изложеноста на кисела желудочна содржина, кои би можеле да ја оштетат слузницата на хранопроводот.

Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчето: збогатена е со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува сите важни аминокиселини, минерали и витамини.

Novalac AR е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

За кого е наменет Novalac AR?

  • Доенчиња кои често ја враќаат храната (повеќе пати на ден)

  • Доенчиња од раѓање до 6 месеци

Пакување: 400 г 

Содржина

Состав: обезмастено млеко, лактоза (млеко), растителни масла (палмино, соино, кокосово), пченкарен скроб, рибино масло ДХА, холин битартарат, емулгатор 9соја лецини), трикалиум цитрат, витамини (натриум аскорбат (витамин Ц), ДЛ-алфа-токоферил ацетат (витамин Е), калциум-Д-пантоненат, никотинамид (ниацин) аскорбинска киселина (витамин Ц), тиамин хидрохлорид, рибофлавин, ретинил-ацетат (витамин А), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6), фолна киселина, фитоменадион (витамин К), холекалциферол (витамин Д), Д-биотин, цијанокобаламин (витамин Б12), инозитол, Л-цистин, калциум хлорид, Л-триптофан, калиум хлорид, масло од габа Mortierella alpina (APA), трикалиум цитрат, натриум хлорид, таурин, динатриум фосфат, железо фосфат, Л-карнитин, магнезиум оксид, цинков сулфат, трикалиум цитрат, антиоксиданси (екстракти богати со токофероли),  натриум селенит, бакар сулфат, калиум јодид, манган сулфат.

Употреба:

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AR:

Возраст (месеци) 0-1 1-2 2-4 4-6 6-12 12-36
Број на оброци на ден 6 5

5

4 3* 2*
Број на дозерки за подготвување на еден оброк 3 4 5 7 7 8
Количина на вода (мл) 90 120 150 210 210 240

*Како дел од разновидната исхрана.

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac АR.
Една доза растворете во 30 мл вода.

*како дел од разновидната исхрана
 

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

  1. Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.

  2. Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.

  3. Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.

  4. Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.

  5. Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.

  6. Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37°C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.

  • Предупредување:

Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се