ORJENA Easy Care Лепенки за прилепување на кожа, 78 парчиња

Опис на производот
Orjena Easy Care Cover Patch Лепенки за прилепување на кожа.
- Главна состојка е хидроколоид кој ги блокира надворешните влијанија, ја намалува влажноста, со што помага до побрзо смирување на акната
- Orjena лепенки со тенок заострен раб обезбедуваат невидливо совршено прилепување
- Лесни за употреба, овозможуваат проѕирна покриеност, и дозволуваат на кожата да дише, истовремено заштитувајќи ја од надворешните влијанија и инфекции предизвикани од штетни супстанци
- Брзо се апсорбира во областа на флеките и акните и создава средина за спречување на формирање на нови, помагајќи да се избегнат лузни
- Лепенките го покриваат цел воспален дел и го апсорбираат вишокот себум за побрзо заздравување на акната
- Лепенките доаѓаат со линии за сечење за лесно и хигиенско нанесување
- Мат проѕирните лепенки за акни Orjena обезбедуваат природен изглед без разлика на бојата на кожата
- Помагаат да ги лекувате и да ги отстраните акните без покривање
Карактеристики:
- Водоотпорни
- И дозволуваат на кожата да дише
- Ја заштитуваат кожата
- Лесни за употреба
- Невидлива покривност
Тип на кожа: комбинирана, нормална, сува, масна кожа.
Пакување: 78 лепенки, има 2 различни димензии на лепенките: 30 лепенки (12 мм) и 48 лепенки (10 мм).
Содржина
Состојки: хидрогенизиран стирен/ метил стирен/ инден кополимер, целулозна гума, полиизобутен, пектин.
Употреба: Темелно исчистете го проблематичното место на лицето и исушете ја кожата. Нежно залепете ја лепенката и оставете ја да делува од 6-8 часа. Откако лепенката ќе побели, заменете ја со нова.
Мерки на претпазливост: При употреба на овој производ, доколку забележите некои од следниве симптоми, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог: осип, чешање, иритација или други алергиски реакции. Да не се употребува на кожа со рани. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина. Избегнувајте употреба околу очите. Да не се користи кај деца под 3 години. Овој производ не е лек за превенција или лекување. Една лепенка е само за еднократна употреба.
После првото отварање да се користи до 12 месеци.