ORJENA Micellar Cleansing Water Aqua Moisture Мицеларна вода за чистење на лицето, 300 мл

Опис на производот
Orjena Aqua Moisture Micellar Cleansing Water Мицеларна вода за чистење на лицето (за хидратација).
- Нежна мицеларна вода што содржи хијалуронска киселина и екстракт од зелен чај за хидратација на кожата
- Како магнет, мицелите ја заробуваат и отстрануваат нечистотијата, вишокот себум и шминката, без грубо триење на кожата на лицето
- Хипоалергична вода за чистење на чувствителна кожа
- Микро-мицеларните честички лесно се мешаат со вода и масло, така што ја отстрануваат шминката и нечистотијата и создаваат бариера за влажност за да ја одржуваат кожата хидрирана за време на чистењето
- Водата со pH од 5,5 помага во одржување на здрава кожа
Клучни состојки:
- Hyaluronic Acid - Помага во одржување на влажноста и формирање на заштитна бариера
- BHA Acid (Betaine Salycilate) - Ја подобрува состојбaта на кожата и има антимикробни својства и ексфолирачка, навлажнувачка функција. BHA киселините се ефикасни во отстранување на мртвите клетки од кожата, намалување на акните и омекнување на кожата
- Green tea - Ja чисти и смирува кожата додека го подобрува балансот на влажноста на кожата
Тип на кожа: комбинирана, нормална, чуствителна, сува, масна кожа.
Пакување: 300 мл.
Содржина
Состојки: вода, ПЕГ-6 каприлик/каприк глицериди, 1.2-хексанедиол, дипропилен гликол, С12-14 алкет-12, етилхексилглицерин, динатриум ЕДТА, натриум цитрат, лимонска киселина, натриум хијалуронат (95 ppm), парфем, екстракт од лист на чајна билка, бетаин салицилат, бутилен гликол, масло од кора на лимон, масло од лимета.
Употреба: Нанесете неколку капки од мицеларната вода на памучна вата и нежно избришете ги нечистотиите и шминката од лицето. Нежно поминете со памучната вата над очите, усните и лицето, фокусирајќи се на областите со најмногу шминка. Внимавајте да не ја триете кожата.
Мерки на претпазливост: При употреба на овој производ, доколку забележите некои од следниве симптоми, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог: осип, чешање, иритација или други алергиски реакции. Да не се употребува на кожа со рани. По употреба добро затворете го пакувањето. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од топлина, ниски температури и директна сончева светлина.
После првото отварање да се користи до 12 месеци. Серискиот број и рокот на употреба се наведени на пакувањето.